X
 26.07.2016 Наука

Професор од Кембриџ откри нешто многу важно во скиците на Леонардо да Винчи

Историчарите ги одбегнувале скиците на Леонардо да Винчи кои се сметале како неважни. Но според најновото истражување, тие не биле во право. Британскиот научник и професор од Кембриџ, Иан Хачингс открил дека Да Винчи прв демонстрирал момент на триење.


Иако досега се знаело дека тој ја направил првата систематска студија за триење од која подоцна се има развиено цела гранка, сега конечно знаеме и кога точно дошло до таа револуционерна идеја. Британскиот професор успеал да ја направи деталната хронологија според која овој успех на Да Винчи е сместен во 1493 година.

Се работи за една страница од нотесот на Да Винчи која е испишана со црвена креда, а интересно е како баш таа страница ги заинтригирала сите научници уште од почетокот на 20тиот век. Скоро цел век после тоа, професорот Хачингс одлучил дека тој лист можеби е сепак повреден отколку што се мисли. Открил дека под грубите геометриски форми се наоѓаат скици од експерименти кои студентите по физика се уште ги изведуваат за да демонстрираат сила на триење.


„Тој знаел дека силата на триење која делува измеѓу две лизгачки површини со пропорционален товар кој ја притиска површината и дека тоа триење е независно за очигледните подрачја на контактите измеѓу тие две површини“ - тврди угледниот професор.

Освен тоа, Хачингс открил и како Да Винчи ги применувал тие закони во своите скици на комплексни машини. Да Винчи прв препознал колку корист може да има триењето, бидејќи тој концепт го има вградено во своите нацрти на интегралните компоненти на комплексните машини.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука