Во кои спортови се најдобри земјите низ светот, и каде може да се смести нашата земја?
Дали сте знаеле дека Литванија е третата најдобра земја во светот во кошарка, според официјалниот рејтинг?
Тајпеј е трета најдобра земја во бејзбол,
спорт во кој Јапонија е рангирана на прво место, а Малави е шестата најдобра земја во нетбол.
Бугарија го има седмиот најдобар тим во одбојка, додека Иран се наоѓа на осмо место. Јужна Кореја е меѓу топ 30 во рагби, одбојка, бејзбол, кошарка, хокеј на мраз, хокеј на трева и ракомет.
Мапите се создадени врз основа на податоците од светската ранг-листа на најпопуларни спортски настани: фудбал, рагби, крикет, одбојка, кошарка, хокеј на мраз, хокеј на трева, ракомет, нетбол и рагби лига.
Нашата земја е најдобра во ракомет и се наоѓа на 28-та позиција.
Мапите подетално можете да ги погледнете ТУКА.