X
 07.08.2016 Живот

Мудрата порака на едно 10 годишно момче до родителите и децата

10 годишниот Нијам Хадсон, познат млад мотивациски говорник од Њу Џерси има повеќе од 53.000 следбеници на Инстаграм. Тој сними ново видео во кое ги повикува родителите да не ги воспитуваат децата материјалните работи да им бидат важни во животот.

 

момче


„Мојот татко и јас бевме во локалниот парк и се забавуваме кога едно момче започна да ми се смее поради моите „FILA“ патики, што јас нормално го игнорирав. Но кога седнав во автомобилот, се сетив на некои работи кои тој ги кажа и тогаш одлучив да го снимам видеото. Не ме навредија неговите коментари, само ме инспирираа на другите да им објаснам зошто е важно да не се придава значење на материјалните работи“, вели младото момче.

Еве што Нијам порачува во видеото:

„Ги носам „FILA“ патиките бидејќи ми се допаѓа бојата и мислам дека се кул. Можеби во денешно време не се толку популарни, но мене ми се допаѓаат. Затоа му реков дека не е важно што имам на нозете, туку што имам во главата. Не е важно што носам, во живото важни се информациите и знаењето. За 20 години нема да можеш да ги облечеш тие патики. Важно е што имаш во главата. Твојата мудрост. Твоето знаење. Моќта да го инспирираш другиот. Родители, ве молам не ги воспитувајте децата како материјалисти, бидејќи кога тие ќе немаат Џорданки или кул облека, ќе се чувствуваат неважни. Ќе чувствуваат дека ќе имаат потреба да имаат злато или Џорданки за да бидат кул, популарни работи за да бидат важни“, вели Нијам.

Тој се надева дека преку ова видео ќе ги научи децата да не слушаат што другите зборуваат за нив и нивната облека или било што друго.

„Се' додека се чувствувате пријатно во сопствена кожа, почитувајте се себеси и другите, бидејќи само така можете да имате насмевка на лицето“, вели Нијам.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот