X
 10.08.2016 Живот

СПУКМ со повик до студентите да помогнат во расчистување на регионите погодени од поплавите

Студентскиот парламент на УКИМ ги повикува сите студенти да се приклучат во акцијата за помош на настраданите од поплавите во скопскиот регион. Во петок во 11 часот пред платото на УКИМ со организиран превоз студентите ќе одат да помогнат во расчистување на штетата во домовите и на улиците, настаната од поплавите.


- По разговор со жителите од поплавените подрачја во Скопје, најголема помош е потребна во физичка сила за расчистување на кал, рушевини и вода од нивните домови, се со цел поскоро да можат да ги вратат во функција. Ние немаме машини и механизација, но сите имаме големо срце и волја со гумени чизми, лопата и ракавици да помогнеме. Заедно, здружени, ние студентите, најмладата сила, да помогнеме на нашите сограѓани од населените места кои се најмногу погодени од невремето кое го надвладе нашето Скопје. Затоа, Петок, 12.08.2016 во 11:00 часот да се собереме пред платото на УКИМ и притоа со организиран превоз и средства ќе се упатиме кон погодените места. На вас треба да имате стара облека и по можност алат за работа. Секој студент е добредојден да се приклучи кон акцијата, а исто така ги покануваме и сите студентски организации да се приклучат кон истата. Секој волонтер ќе добие медицинска маска и ракавици - се вели во повикот на СПУКМ.

СПУКМ ќе побара од Ректорската Управа на УКИМ, секој студент од регионите кои беа погодени од поплавите да бидат ослободени од партиципација за учебната 2016/2017 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот