X
 11.08.2016 Живот

Фотографијата од Хилари Клинтон која предизвика голем број сомневања и теории кај луѓето

На фотографијата подолу се  Хилари Клинтон и Лоренс Рокфелер, четвртото дете на Џон Д. Рокфелер Џуниор од познатото семејство Рокфелер - семејството кое стотици години игра голема улога во креирањето на глобалната светска влада и глобалната економија преку Трилатераната комисија, ОН и други организации и компании.

 

убиен


Хилари и Лоренс се дел од 1% супер богати луѓе кои управуваат скоро со сите светски ресурси и сега заедно со други поединци го носат светот во Нов светски поредок. Фотографијата е направена на имотот на Рокфелер. Она по кое фотографијата стана популарна е книгата која Хилари ја држи во раката, а која предизвика голем број сомневања и теории кај луѓето.

Со оглед на тоа што ваквите фотографии од имотот на Рокфелер ретко го заобиколуваат светот не може а да не се забележи дека смислата на фотографијата е токму книгата. Станува збор за книгата со наслов „Дали сме сами?“ од Пол Дејвис, познат американски физичар кој истражува дали сме сами во универзумот и дали постојат вонземјани. Ова е интересно бидејќи познато е дека Бил Клинтон и Хилари Клинтон со поддршка на иницијативата на Рокфелер ја принудуваат американската влада да го признае постоењето на вонземјаните.

Неодамна бевме сведоци на појавата на град во облаците кој се појави над Фошан во Кина. И секако, ниту тие фотографии не беа случајни. Прашањето е дали сме сведоци на реализација на проектот Blue Beam и воспоставувањето на Нов светски поредок? За новиот светски поредок сме сигурни, но дали ќе се изманипулира јавноста со постоењето на вонземјани останува да се види.

Меѓутоа, еден канадски новинар бил убиен откако на светот му открил што ни подготвува богатата елита. Станува збор за Сергеј Монаст, новинар кој го открил проектот Blue Beam како и неговата цел - да воспостави Нов светски поредок, со помош на елитата.

Дали оваа фотографија е дел од тој проект може само да погодуваме, но факт е дека со луѓето денес лесно може да се манипулира. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот