Во неверојатно епохално откритие, на парализиран пациент со тешки повреди на 'рбетниот мозок, му била вратена способноста да ги движи нозете после тренинг со егзосекелет поврзан со мозокот.

Научниците го развиле проектот наречен „Walk Again“, мислејќи дека би можеле на параплегичарите да се движат со помош на егзоскелет контролиран од нивните мисли. Но, тие биле изненадени кога откриле дека во текот на тренингот, кај осум пациенти започнало да се враќа чувството на допир и движење под повредата на 'рбетот. Ова биле пациенти кај кои претходно се сметало дека нервите на 'рбетниот мозок биле целосно уништени.
Но, научниците сега веруваат дека всушност кај нив преживеале неколку нерви кои се активирале со тренингот.
„Додека првиот пациент на почеток не беше во можност ниту да застане користејќи протези кога беше ставен на ортостатско држење на телото, после 10 месечен тренинг овој пациент можел да оди користејќи бастун, протези и помош од терапевт. Во оваа фаза, пациентот станал способен за производство на доброволни движења на ногата имитирајќи одење. Во друг пример, пациентот седум можеше да се движи со помош на две патерици и ортози на долните екстремитети, без никаква помош од терапевт“, пишува во извештајот.
Д-р Мигел Николелис, директор на Центарот за невроинженеринг при Универзитетот Дјук вели дека претходно седумте пациенти биле класифицирани како пациенти со целосна парализа. Сега пациентите имаат различна дијагноза, па кај нив е констатирана делумна парализа“.
„Опоравувањето се'уште не е завршено“, изјави тој додавајќи дека истражувачите не замислувале дека е возможен ваков вид на ефект. Тие се возбудени бидејќи се сведоци на она што го нарекуваат клучна пресвртница во помагањето на
параплегичарите.
Во тренингот пациентите користеле виртуелна реалност за да го контролираат компјутерскиот аватар со мозочна машина. Кога тие помислиле на движење напред, аватарот се движел како да бил нивното тело. Потоа тие го искористиле истиот систем за контролирање на робот, и на крај за контролирање на егзосекелт кој пациентите можеле да го носат.
„Она што го откривме беше долгорочниот тренинг на мозокот со интерфејси на мозочни машини кај пациентите предизвика делумно обновување на нервите. Иако клинички на овие пациенти неколку пати им била поставена дијагноза дека се парализирани, и иако тие не можеа да се мрдаат ниту пак да почувствуваат нешто, сепак веројатно кај нив не биле целосно уништени влакната на 'рбетниот мозок. Можеби некои од нив преживеале и останале „тивки“ низ годините“, вели Д-р Николелис.
„Како резултат на тренингот кој го создадовме во кој преку мозочната активност се контролираше уредот, обезбедивме богати повратни информации кај пациентите со што всушност предизвикавме пластична реорганизација во кората на мозокот. Со повторно вметнување на долните екстремитети, овие пациенти можеа да пренесуваат дел од информациите од кората на мозокот, преку 'рбетниот мозок, до нервите кои можеби ја преживеале оригиналната траума. Ова е речиси како повторно да ги приклучивме, па поради тоа добивме повторно активирање на 'рбетниот мозок од страна на кортексот и истовремено примивме повратни информации од екстремитетите“, додава докторот.
Пациентите исто така повторно добиле контрола над мочниот меур и дебелото црево и контрола на нивните кардиоваскуларни функции. Истражувачите не се сигурни колку подобрување може техниката да постигне бидејќи пациентите продолжуваат да се опоравуваат.
„Ова е неверојатно патување. Со овој проект ние вистински влијаеме и им помагаме на парализираните лица повторно да проодат“, завршува Д-р Николелис.