Мартин Саздов е еден од најдобрите играчи „Dota 2“ играчи во светот. Тој заедно со неговиот американски тим „Digital Chaos“ беше дел од натпреварот „Dota 2 International 2016“, огромен настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари.
Саздов заедно со неговиот тим „Digital Chaos“ стигнаа до големото финале кое се одржуваше во Сиетл. Во финалето изгубија со 3:1 од тимот „Wings“, меѓутоа и второто место претставува неверојатен успех.
Наградниот фонд на годинешниот турнир надминуваше 20 милиони долари - победничкиот тим заработи 9.1 милиони долари, а тимот на Саздов заработи 3.4 милиони долари.
Саздов е првиот Македонец кој се натпреварува на овој турнир.