Прекувремената работа всушност и не е толку продуктивна. И ова не е нова идеја. Минатата година анкетата спроведена од „YouGov“ покажа дека работењето седум часа дневно е најдоброто ниво на продуктивност - и покрај фактот што просечниот работен ден во повеќето земји низ светот е 8 часа.
„Expert Market“ ги анализира податоците од Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и откри дека седум земји со највисок БДП, се и во топ 10-те со најкратко работно време.
Ова е топ листата на најпродуктивните земји (БДП поделено со работни часови):
1. Луксембург
1643 просечни часа годишно и 45.71 фунти продуктивност на секој час.
2. Норвешка
1472 просечни часа годишно и 36.36 фунти продуктивност на секој час.
3. Австралија
1664.2 просечни часа годишно и 29.81 фунти продуктивност на секој час.
4. Швајцарија
1568.2 просечни часа годишно и 28.35 фунти продуктивност на секој час.
5. Холандија
1425 просечни часа годишно и 28.35 фунти продуктивност на секој час.
6. Германија
1371 просечни часа годишно и 25.95 фунти продуктивност на секој час.
7. Данска
1436 просечни часа годишно и 24.14 фунти продуктивност на секој час.
8. Америка
1789 просечни часа годишно и 23.66 фунти продуктивност на секој час.
9. Ирска
1821.26 просечни часа годишно и 23.12 фунти продуктивност на секој час.
10. Шведска
1609 просечни часа годишно и 22.58 фунти продуктивност на секој час.
Македонија не беше дел од истражувањето.
Според Индексот за среќна планета, Луксембург се наоѓа на 16-то место за очекувано траење на животот и благосостојбата, и е 6-та наједнаква држава, со ниско ниво на нееднаквост.
Според Индексот, Македонија се наоѓа на 90-то место од вкупно 140 места, со 23.4 поени, каде очекуваното траење на живот е 75 години, благосостојбата има оценка 4.6 од 10, а нееднаквоста е проценета со ниски 18%.