X
 17.08.2016 Образование

Околу 40 отсто од родителите "фаќале врски" за да го запишат детето во градинка



За децата кои се згрижени во државните градинки најчесто се грижат по две вработени, воспитувачка и негувателка. Најчесто една воспитувачка е одговорна за 20 до 30 дечиња, додека родителите сметаат дека оптималниот реципроцитет треба да биде една воспитувачка да се грижи најмногу за пет дечиња. Ова е сублиматот на нашата анкета за тоа колку родителите се задоволни од градинките во кои одат нивните дечиња. На анкетата одговорија вкупно 398 родители.

Најголемиот дел од нив ги праќаат своите дечиња во државна градинка - 95 отсто. Од вкупниот број анкетирани, 3,5 отсто одговориле дека нивните деца одат во прватна градинка, 2 отсто се грижат дома за своите деца, додека 0,5 отсто од испитаниците плаќаат лице за го чува нивното дете. Своето дете по редовна процедура го запишале 42 отсто од анкетираните, додека 39.9 отсто „фаќале врски“ за да го сторат тоа. Една година однапред морале да обезбедат место 84 родители, односно 21,1 отсто од оспитаниците.





Според одговорите, за децата во градинка се грижат две вработени - воспитувачка и негувателка. Ваков одговор дали 84,9 отсто, односно 338 читатели. Дека за една група се грижат три вработени одговориле 13,1 отсто од анкетираните, а само 0,5 отсто одговориле дека за децата се грижат четири вработени. На прашањето кој реципроцитет сметаат дека е најоптимален, 64,6 отсто одговориле дека една воспитувачка треба да се грижи за пет деца. Од вкупнот број испитаници, 30,7 отсто сметаат дека една воспитувачка треба да биде одговорна за десет деца, додека 5,5 отсто сметаат дека една воспитувачка може да се грижи и за 15 деца.



А каква е реалната состојба? Според сумираните податоци, 104 родители одговориле дека една воспитувачка се грижи за десет деца. Вкупно 131 испитаници, односно 32,9 отсто одговориле дека една воспитувачка се грижи за 20 деца, додека 127 родители, или 31.9 отсто одговориле дека една воспитувачка за грижи за 30 деца. Од вкупниот број анкетирани, 39 односно 9,8 отсто одговориле дека една воспитувачка се грижи дури за 40 деца.




Најголем дел од родителите делумно се задоволни од услугите што ги нуди градинката во која оди нивното дете. Така одговориле 55 отсто од испитаниците. Од вкупниот број - 26,4 отсто се задоволни, додека 19,1 отсто не се задоволни.


На прашањето дали би се согласиле да плаќаат повисок месечен надоместок за да се вработат повеќе воспитувачки и негувателки во градинките во Република Македонија, најмногу одговориле позитивно - 173 родители, односно 43,5 отсто би сториле се за да се подобрат условите. Околку една четвртина, односно 25,6 отсто би го сториле тоа ако има добар аргумент, додека 32,2 отсто или 128 испитаници сметаат дека тоа е обрска на државата и таа е должна да го стори тоа.



Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование