X
 17.08.2016 Образование

Речиси 1.300 кандидати во првите два дена на уписите на УГД

Во првите два дена од уписите на сите факултети и академии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се пријавиле близу 1.300 кандидати, што за раководството е задоволителна бројка.

- Околу 1.300 кандидати во првите два дена ги поднеле своите документи и пројавиле интерес да бидат дел од УГД. Интересот е голем на Факултетот за медицински науки, но и на останатите факултети. Економскиот факултет има околу 70 кандидати , ЕТФ 50, земјоделскиот 32 кандидати, Машинскиот 15 кандидати ,Музичка академија 15, Правниот факултет во Штип 50, ТТФ 20 , Информатика 55, Медицински науки 305, ФОН 26, ФПТН 59, ФТБЛ 132 и Филолошкиот факултет 50 кандидати - ни изјавија од УГД.

Кандидатите се пријавуваат и електронски, а таа можност ќе ја имаат до 19 август кога ќе заврши првиот уписен рок. Досега се пријавиле и кандидати од Србија и Турција, а се очекуваат и од други земји. Сите информации кандидатите можат да ги добијат и од веб страницата на УГД.



Универзитетот „Гоце Делчев“ од овие уписи, на заинтересираните кандидати им нуди можност покрај на класичниот начин, со поднесување на документи лично на пунктовите за уписи, да можат да се пријават и електронски, со креирање на е - пријава од страна на кандидатот. Начинот на електронско поднесување на пријави за уписите на УГД е презентиран на следниот линк http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/eugd/soopstenija/5811-pusteno-vo-upotreba-nov-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-kandidati

- Кандидатите ќе може за кратко време и да дознаат дали се примени на факултетот на кој поднеле документи бидејќи УГД во изминатите неколку години до перфекција го разви својот систем за електронско рангирање на студентите за време на уписот и пријавувањето на нови студенти. Системот функционира на ниво на целиот Универзитет и резултатите се појавуваат онлајн за исклучително кратко време. На овој начин кандидатите кои ќе поднесат документи на УГД , на било кој факултет, ќе можат за времето додека се вратат дома да ги имаат резултатите на интернет. Вака ќе знаат дали се примени или не на факултетот на кој што конкурирале - велат од УГД.

Системот ќе биде достапен на веб страницата http://upisi.ugd.edu.mk/ и во живо ќе се гледа рангирањето на студентите за време на сите уписни рокови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование