За компанијата Гугл е познато дека на интервјуата за работа на кандидатите им се поставуваат чудни трик прашања, а многу од нив биле до толку тешки што станале и забранети да се употребуваат за таа цел. Особено ваквите прашања се поставувале на кандидати за позиции како менаџер на проект, софтверски инженери и маркетинг менаџери.
Повеќето од нив немаат одговор, туку се така направени да ја тестираат креативноста и приодот кон прашањето. Ние ви нудиме неколку од најнејасните и трик прашања од интервјуа за работа во Гугл. Тестирајте ја својата креативност:
1. Колку треба да наплатите за да ги измиете сите прозорци во Сиетл?
2. Зошто капаците на шахтите се округли?
3. Колку штимери за пијано има во целиот свет?
4. Некој човек го туркал својот автомобил до некој хотел и го загубил своето богатство. Што се случило?
5. Колку пати дневно се преклопуваат стрелките на часовникот?
6. Објаснете го значењето на „мртво говетско“.
7. Ако некој бира низа на броеви на телефонот, кои можни зборови/низи може да се формираат од буквите што одговараат на секој од броевите на телефонот?
8. Колку топчиња за голф може да собере во училишен автобус?
9. Објаснете му една база со податоци на вашиот 8-годишен внук.
10. Треба да стигнете од точка до точка Б. Не знаете дали може да стигнете таму. Што ќе направите?
11. На забава сте со пријател и 10 луѓе се присутни (вклучително вие двајцата). Вашиот пријател се обложува со вас дека за секоја личност што ќе откриете дека има ист роденден со вас, добивате 1 долар; за секоја личност што тој ќе открие дека нема ист роденден со вас, тој добива 2 долари. Дали ќе го прифатите облогот?
12. Треба да проверите дали вашиот пријател Боб го има точниот ваш телефонски број, но не можете да го прашате дирекно. Мора да го напишете прашањето на картичка и да и ја дадете на Ева, која ќе му ја пренесе на Боб и ќе ви го врати одговорот назад. Што мора да напишете на картичката, освен прашањето, за да се осигурате дека Боб ќе ја декодира пораката, за Ева да не може да го прочита вашиот телефонски број?
13. Секој маж во село со 100 брачни парови ја мамел својата жена. Секоја жена во селото веднаш знае кога друг маж кој не е нејзиниот сопруг, мамел, но не знае кога нејзиниот ја изневерил. Селото има закон со кој неверството е забрането. Секоја сопруга што може да докаже дека нејзиниот сопруг е неверен мора да го убие истиот ден. Жените од селото никогаш не би оделе против овој закон. Еден ден, кралицата на селото доаѓа во посета и најавува дека барем еден маж бил неверен. Што се случува?
За колку успеавте да смислите одговор?