X
 24.08.2016 Култура

Вистината позади мистериознaта смрт на Јуриј Гагарин - првиот човек во вселената

На 12 април 1961 година советскиот космонаут Јуриј Гагарин влезе во историските учебници како првиот човек кој летнал во вселената.

 

вселена


Смртта на овој човек голем дел од луѓето ја сметаат за теорија на заговор - фатална чашка водка повеќе, погрешен маневар, паничен напад... се појавуваат сите овие теории пред неговиот херојски изглед.

Јуриј Гагарин исчезнал во март 1968 година на 34 годишна возраст,  во авионска несреќа на околу 90 километри од Москва, во текот на рутински лет. Неговата смрт низ годините се провлекува како мистерија, а главното прашање било - што се случило во последните моменти?

Последната истрага за смртта на Гагарин била завршена во 2011 година со извештај кој е официјална верзија на Кремљ, а кој вели дека космонаутот загинал поради погрешно маневрирање, кое го направил за да го избегне објектот кој ненадејно се појавил на небото.  Меѓутоа, за многу луѓе е чудно како овој професионален пилот можел да доживее ваков тривијален инцидент.

Меѓу најголемите скептици е и Алексеј Леонов, кој бил во близина на местото каде се случила несреќата. Летајќи со хеликоптер тој во близина слушнал две силни експлозии. Леонов, кој не само што му бил колега, туку и му бил и пријател на Гагарин, тврди дека другиот авион „SU-15“ премногу му се приближил на авионот на Гагарин. Овој авион не требало да биде таму, а Гагарин нагло го свртил авионот за да избегне опасност.

 

2


„Знаевме дека „Sukhoi Su-15“ требаше да биде тестиран истиот ден, меѓутоа беше испланирано да лета на висина од 10.000 метри, а не 450-500. Пилотот од овој авион ги прекрши правилата“, вели Леонов.

Се наметнува прашањето кој ја сокрива вистината и зошто?

Одговорот веројатно лежи во некои историски факти.

Русија се обврзала дека ќе ја започне својата вселенска програма, со цел да зададе сериозни удари на нејзините конкуренти во Студената војна. Затоа било доста важно да одржува позитивен имиџ, па со самото тоа било невозможно да ја признае својата грешка или пропустот на обучениот воен пилот. Всушност, несреќата можела да го наруши цврстиот, строг и безгрешен имиџ. Затоа полесно било во приказната да се додаде алкохолот и да се обвини човекот кој не се плашел да се издигне толку високо и толку далеку. Подалеку од сите кои ја премолчуваат вистината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура