X
 28.08.2016 Наука

Дали, конечно, Хокинг ќе добие Нобелова за теоријата за "црната дупка"?


Кога се работи за црните дупки, повеќето ги замислуваат како огромни меѓуѕвездени кластери, кои се дотолку густи што не пропуштаат светлина.

Еден од ретките кои сметаше дека црните дупки можеби не се толку црни, односно дека, сепак, пропуштаат малку светлина, беше Стивен Хокинг во 1974 година.

Израелскиот научник, Џеф Стајнхауер, тврди дека во својата лабораторија успеал да направи црна дупка што пропушта малку светлина.
Технички, не создал вистинска црна дупка, туку само аналогија, но тоа е доволно за да се извлечат одредени паралели кои водат кон заклучокот што би можел да му обезбеди Нобелова награда на Стивен Хокинг.

Појавата што Стајнхауер ја добил во лабораторијата ја нарекол Хокингова радијација.
“Сметам дека ова е доказ за точноста на пресметките на Хокинг”, изјавува Стајнхауер.   
  

Подетално можете да се информирате на следниов линк.

Илустрација на црна дупка.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука