X
 28.08.2016 Образование

Писмо од родител: "Eве што посакувам за оваа школска година, драга наставничке"

наставник

 

Секое лето е иста приказна. Учебната година полека не' стигнува после три месеци игра, одмор и забава. После тоа, доаѓа мојот стар пријател - анксиозноста.


Загрижена сум дека моите деца нема да го добијат најдобриот наставник. Загрижена сум дека ќе поминат мизерна година посакувајќи да не одеа на училиште. Се плашам дека нема да пронајдат пријатели оваа година или дека пријателите од претходната година ќе одлучат дека повеќе не сакаат да се грижат до нив или пак дека некој од нив ќе ги исмејува.

Се грижам за насилниците, за нивните срца, нивната иднина и нивното здравје. Се грижам за нивната безбедност, што прават на физичко, што прават на ликовно и зошто клупите се толку збиени една со друга. Се грижам затоа што моите деца може да бидат осамени додека јадат.

Постојат толку многу работи за кои постојано се грижам, и нормално е да се грижам, со оглед на тоа што моите деца поминуваат поголем дел од денот во нечии раце.

Затоа, драга наставничке, те молам грижи се за моите деца.

Знам дека не сум единствениот родител со вакво барање. Во наредниот период, илјадници родители ќе ги испратат своите деца на училиште и ќе гледаат како нивните „бебиња“ влегуваат во училниците. Ќе ги прегрнат силно пред вратата од училницата, со грутка во грлото и солзи во очите затоа што нивните бебиња повеќе не се бебиња туку го преземаат првиот индивидуален чекор кон нивната иднина.

Нашите деца ќе седат до други деца, ќе пишуваат во тетратките, ќе цртаат и ќе бојат, и сето тоа за нив ќе биде ново, возбудливо, прекрасно и забавно - се' до моментот кога повеќе нема да го доживуваат така. Не е потребно многу време за нивната возбуда после првиот училишен ден да замине - тогаш, драга наставничке ќе им бидете потребна најмногу на вашите ученици.

Знам дека не е лесно. Знам дека постојат толку нешта, толку часови и толку деца. Знам дека сте само една и дека понекогаш сето тоа може да биде премногу за вас. Знам дека чувствувате голем притисок кога сите родители од вас бараат да ги учите, обучите и формирате децата на начин на кој тие го прават тоа дома. Но, вистината е дека предавањето е огромна одговорност. Затоа ве молам, грижете се за нашите деца. Тие се лесно „кршливи“, и ретко забораваат. Нив им е потребно некој постојано да им кажува дека се сакани, дека се важни и вредни. Едно дете кое не верува дека вреди, воопшто нема ни да се обиде да направи нешто.

Се надевам дека во тие тешки моменти ќе запомните дека еден миг на лошо однесување не покажува каков е еден ученик. Постојат толку многу повредени деца, но вие можете да бидете значаен дел од нивното опоравување. Колку неверојатна привилегија.

Се надевам дека знаете кога глумат, кога не знаат што да прават со тие големи емоции - плачењето, врескањето... Се надевам дека ќе гледате многу повеќе од непријатностите. Се надевам дека ќе го откриете сето тоа и ќе знаете дека нивното однесување не ги дефинира.

Постои нешто некоја чудна убавина во оваа професија - кога наставникот се грижи, верува и искрено зборува за тоа што тој/таа гледа и верува дека неговиот/нејзиниот ученик може да го направи.

Имате можност да го извлечете најдоброто од вашите ученици. Дури и кај оние „лошите и немирните“. Дури и кај оние „тешките“. На секое дете му е потребен наставник кој верувам. Зошто вие да не бидете тој наставник?

Тие доаѓаат кај вас, ги напуштаат своите безбедни места и се влегуваат во страшниот свет на училиштето. Вие ќе им бидете потребни да ги водите низ патиштата.

Ве молам грижете се за нашите деца. Грижете се за нивните срца. Сакајте ги со целото срце. Кога ќе паднат, ве молам помогнете им да станат и да се искачат на многу повисоко место од онаму каде започнале. Кога нешто ќе направат погрешно, потсетете ги дека секој греши бидејќи не постои ништо совршено. Кога не знаат да прават разлика лево од десно, горе од долу, бидете нивниот компас кој ќе ги води до вистината.

Ве молам постојано гледајте ги и бидете жестоки во искоренувањето на проблемите, и секогаш бодрете ги да направат подобро. Научете ги како да ги изградат сопствените крилја. Покажете им како да ги откријат нивните соништа и способности.

И јас ќе го правам истото, па заедно ќе ги гледаме како летаат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование