X
 29.08.2016 Наука

Новооткриените белешки на Леонардо да Винчи водат до едно сосема ново откритие

Во истражувањето на било какви белешки на генијалците низ историјата ретко се сретнуваат грешки. Тие се често врата кон нови сознанија. Неодамна се пронајдени белешки-шкртаници на Леонардо да Винчи што водат до едно сосема ново откритие.

белешки на леонардо да винчи


Иан Хучингс, професор на Универзитетот Кембриџ, ги разгледувал бележниците на да Винчи од музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон и открил дека генијалецот веќе формулирал важен закон за триење повеќе од 200 години пред да се објави истиот, и речиси 300 години пред да биде и експериментално докажан.

Професорот изјавил дека со нацртите и текстот од Леонардо се објаснува основата на законот за триење во 1943. „Тој знаел дека силата на триење што делува меѓу две лизгачки површини е пропорционална со оптоварувањето со кое се притискаат површините една кон друга и дека триењето е независно од областа на контакт меѓу двете површини.“ – изјавил тој. Професорот нагласил дека ова се „закони за триње“ што денес се припишуваат на францускиот научник Гијом Амонтос 2 децении подоцна. Неговите теории биле објавени во 1699.

Белешките на да Винчи биле добро познати во музејот, а воедно и опишувани од раковоството како „неважни белешки со дијаграми во црвена креда. Тие прикажувале стара жена со порака во обратен ракопис на уметникот, „смртната убавина е минлива и не трае“ (it. “cossa bella mortal passa e non dura”). Понатаму, напишано е дека „триењето се создава при двојно напор за двојно тежина“ (it. “la confregazione si fa di duplicata fatica in duplicato peso”) и прикажан е цртеж на експеримент за да се тестира тврдењето.

Професорот од Кембриџ ги разгледувал и останатите белешки на италијанскиот уметник што се чувале во музејот и открил дека Леонардо најверојатно имал детални познавања за законот за триење, од неговата употреба до ограничувањата и примена во машинеријата.

„20-годишната студија за триењето на Леонардо, која вклучува и негово емпириско разбирање на моделите за неколку механички системи, ја потврдува неговата позиција како извонреден и инспиративен пионер во науката за силата на триењето,“ додава Хучингс, кој воедно ги објавил овие откритиа во списанието Wear.

За жал неговите научни теории за овој закон и многу други идеи имале мало влијание на науката во тоа време, и тоа можеби затоа што малкумина дознавале за нив.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука