Станува збор за данок на деценијата. Европската комисија нареди технолошката компанија „Apple“ на Ирска да ѝ плати 13 милијарди евра (14 милијарди долари) неплатен данок после одлуката дека таканаречениот „sweetheart deal“ е незаконски.
Меѓутоа, овој потег може да предизвика оштетување на меѓународната трговија.
Зошто Комисијата донела ваква одлука?
Европските органи ја обвинија Ирска дека ѝ помага на технолошкиот гигант во избегнување на данокот со помош на овој договор кој е во спротивност од правилата на ЕУ. Комесарот Маргарет Вестагер, која ја надгледува политиката на конкуренцијата, вели дека ова ѝ овозможило на „Apple“ да плаќа ефективна даночна стапка од 1% на својот европски профит во 2003 година, кој паднал на 0.005% во 2014 година.
Иако „Apple“ и Ирска жестоко ги негираа обвиненијата, сепак нема да постои жалба. Европската комисија стана многу поагресивна во својот пристап кон договорите постигнати помеѓу мултинационални компании и земји членки на ЕУ. Комисијата претходно им нареди на холандските власти да вратат 30 милиони евра од „Starbucks“, а слична сума се вртеше и околу „Fiat Chrysler“ во Луксембург. Двете земји и двете компании поднесоа жалба.
Дали „Apple“ може да си дозволи да плати ваква казна?
Ова е една од најбогатите компании во светот со парични средства и хартии од вредност од неверојатни 231.5 милијарди долари.
Како Америка реагира на сето ова?
И не баш добро. Американскиот секретар за финансии Џек Лу минатата недела ја обвини ЕУ дека се обидува да стане „супра национален даночен орган“. Тој тврди дека американските компании се третирани лошо и дека ЕУ потенцијално ги поткопува напорите за реформа на меѓународните правила за данок за компаниите да го плаќаат интересот. Тој исто така е загрижен дека „Apple“ ќе ја плати казната со што може да резултира огромен трансфер од американските даночни обврзници до ирските даночни обврзници.
Дали ова значи дека „Apple“ ќе си замине од Ирска?
Не постојат големи шанси да се случии ова. Дури и ако ЕУ успее да искорени идни договори и зделки како оној меѓу Ирска и „Apple“, стапката на данок на доход на Ирска се'уште е само 12.5%.