X
 01.09.2016 Образование

Писмо од Абрахам Линколн до учителот на неговиот син за време на првиот училишен ден

Секој родител го сака најдоброто за своето дете. Голем дел од воспитувањето е домашно, но тоа се стекнува и во школо каде значаен придонес имаат учителите. Еве една порака што може да важи за сите учители, напишана од американскиот претседател Абрахам Линколн за време на првиот училишен ден на неговиот син, адресирано до неговиот учител. Ова е она што секој родител треба од учителите да го бара и секој учител на децата да го дава.



„Почитуван учителу,

Денес мојот син тргнува во училиште, некое време се таму ќе му биде чудно и ново, затоа ве замолувам да бидете нежни спрема него. Тој тргнува во авантура која може да го однесе на други континенти, но може и да го прати во војни, трагедии и страдање. Затоа драг учителу ве замолувам да го фатите за рака и да го научите се што треба да знае, но ако е можно на поблаг начин.

Научете го дека секој непријател носи еден нов пријател. Мора да научи дека сите луѓе не се праведни и искрени. Но, научете го дека покрај секој подлец има и еден херој, покрај секој расипан политичар има еден праведен лидер.

Научете го дека дваесет центи вредат повеќе од еден најден долар, дека во училиште е многу почесно да греши отколку да мами и лаже.

Научете го како достоинствено да губи и како да ужива во победата. Како да биде добар со добрите, а непопустлив со лошите. Научете го како најлесно да се одбрани од насилниците.

Одвратете го од тоа да биде зависен. Научете го да се смее кога е тажен, научете го дека солзите не се срамота, научете го дека може да слави во пораз и да е очаен во успех.
Ако можете научете го на чудотворноста на книгата, но исто дајте му време да размислува на вечната загатка: птиците на небото, пчелите низ сонцето и цветовите по тревата.

Научете го да верува во сопствените идеи без разлика дали сите му викаат дека се погрешни. Нека има храброст да биде нестрплив, и нека има трпение да биде храбар.
Научете го секогаш да има верба во себе затоа што само така ќе научи да верува во луѓето и во Бога.

Знам дека ова е големо барање, но видете што можете да направите околку тоа. Тој е сепак дете, едно мало дете што е мој син“

Превземено на Фејсбук профилот од Влатко Васиљ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование