X
 03.09.2016 Наука

Лесен е начинот да откриете дали зборувате со експерт или со "лажливец"

Разликата меѓу експерт и “лажливец“ е дека експертите не знаат многу, а од друга страна “лажливците“ знаат се, или барем го мислат тоа за себе. Кога вашата работа се состои за пишување на науката, завршувате во разговори со многу експерти, број на луѓе кои ги придвижуваат нештата во светот.

Експертите се фрустрирачки. Тие стојат на врвот на планината на занењето, само за да посочат кон хоризонтот и велат: “Постојат уште многу работи кои треба да ги откриеме“. Тоа ги прави нервозни и прави да се губат во своето незнаење. Тие зборуваат со прецизен, ограничен јазик.

Еден научник бил прашан од полицијата да го идентификува човекот кој го нападнал во неговиот дом. Тој изјавил: “Колку што мене ми е познато тоа е тој“. Подоцна полицајцијте кои работеле на случајот го прашале зошто не е 100 проценти сигурен дека тоа е лицето на неговиот напаѓач, а тој рекол: “Во ништо не сум 100 проценти сигурен“.  

лесно е да се открие дали разговарате со експерт или со лажливец


Рафи Летцер (Rafi Letzter) новинар од “Business Insider“ објаснува дека тој добивал пораки од луѓе кои сметале дека климатската промена е измама. Тој ги игнорира сите нив од причина што тие тоа го кажувале ова тврдење со толку убедлив тон, што би помислиле дека пишувале за тоа.

Летцер смета дека вистинските научници за климатски промени никогаш не зборуваат на тој начин. Наместо тоа тие би укажале на огромниот степен на реценција во својата област, потоа внимателно ќе ги објаснат сите прашања чии одговори допрва треба да се испитуваат.

Новинарот дава уште еден пример. Неодамна тој го интервјуирал Шон Дауни за една статија зошто општествата се во колапс. Дауни е археолог и користи научни методи за да го испита неолитот на европската цивилизација, и тој развил силен збир на математички алатки за диференцирање на “отпорното“ и “не- отпорното“ население.

Па така Летцер го прашал Дауни да понуди некои модерни примери за “отпорно“ и “не- отпорно“ население. Дауни замолчел за околу една минута пред да објасни дека Англија во 20 век може да се смета евентуално како “отпорна“ популација.

Да појасниме, Дауни е повеќе од квалификуван од било кој друг на планетата да коментира на темата дали едноопштество е отпорно или не. Тој студирал и култивирал теории за колапсот на општествата со години. Но тој не е подготвен да понуди навестување или мислење, за кое не е сигурен,  па така мора да се врати на неговите емпирски податоци.

“Лажливците“ имаат мислење за се. Прашајте ги било што, без оглед колку е суптилно прашањето и тие со сигурност ви нудат одговор, понекогаш за теми за кои не сте ни ги прашале. Тврдења како на пример: “Климатската промена е измама. Тој и тој со 56 проценти гласови ќе победи на утрешните избори. Никој нема да слуша рап музика во наредните 20 години. Инвестирајте во оваа компанија и ќе се збогатите“. 

Ова според овој новинар е наjсуштествената разлика помеѓу видовите на размислувања што водат до големи откривања и до оние кои не водат. 

Експертите и луѓето со алатки да станат експерти, го присвојуваат своето незнаење и бараат начини да пробијат пат до заедничките идеи. И така тие прашуваат подобри прашања: “Се прашувам дали луѓето навистина го разбираат човечкиот говор? Колку би чинела борбата против климатските промени?“ 

Забелешка: “Многу луѓе се експерти за одредени теми и “лажливци“ за други. Тоа е заедничко. Според моето искуство научниците зборуваат со поголема самодоверба за други теми надвор од нивната област, отколку за теми на кои поминале години на проучување“- вели Рафи. 

На крај на вас останува и на вашото логичко расудување дали некоја информација ќе ја “купите“ како вистинска или како лажна.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука