X
 03.09.2016 Култура

Полскиот нуркач стигна до 230 метра во "Врело" и го сруши рекордот


 
Веќе е сигурно дека подводната Пештера Врело има сигурни 230 метра – сознаниево го добивме благодарение на мисијата на полскиот спелеолошки нуркач Кшиштоф Старнавски, кој вчера попладнето го сруши актуелниот рекорд на Луиџи Касати од 212 метри. Но, дното не завршува овде, категоричен е полскиот нуркач.

-Стигнав до 230 метри, а снопот светлина се простираше најмалку уште дваесетина метри пред мене. Потоа следува потесен дел, кривина која не можеше да биде осветлена од таа длабочина. Мојата претпоставка е дека тој дел може да се протегне и до 300 метри – изјави Старнавски.

Големи се шансите Врело да стане една од најдлабоките подводни пештери во светот.

На Старнавски му помогнаа негови двајца колеги од Полска, како и членови на клубот „Врело“ од Скопје. Негов следен потфат ќе биде да стигне до 270 метри, за што признава дека овојпат дошол прво да направи извидница на теренот.

Старнавски е светски познат спелеолошки нуркач. Тој го држи рекордот во длабинско нуркање со т.н ребридер и изнесува 283 метри, што го постигна во 2011 година во Египет.

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура