X
 03.09.2016 Образование

Упатства за канадските наставници како да се борат против исламофобијата во училиштата

Во водичот со упатства на канадските наставници се препорачува почесто да ги носат децата на едукативна прошетка во џамија, за да се запознаат со исламската религија.

Канадската комисија за човекови права, минатата недела им поделила водич со насоки на наставниците, како активно да се борат со ставовите и коментарите што шират исламофобија и како децата да ги препознаваат како штетни.

Водичот е насловен “Помошник за учениците во справувањето со траумата предизвикана од геополитичкото насилство и исламофобијата”, кој Комисијата го составила во соработка со Националниот совет на канадските муслимани и Исламското социјално здружение.

Целта на водичот е да им помогне на наставниците подобро да разберат и да им дадат поддршка на учениците кои живеат со последиците од геополитичкото насилство и исламофобијата, но и да создадат сигурен и инклузивен простор за учениците муслимани во Канада.

Во водичот муслиманите се опишани како жртви од тероризмот кој се случува низ целиот свет, се осудува нивното медиумско портретирање во негативен контекст, а “исламофобијата” се нарекува облик на самонаметната цензура на слободата на изразување, која се занимава со геополитички теми.

Водичот има за цел да оспособи заедница за отворен дијалог посветен на теми за исламската религија, за чувствата на муслиманите предизвикани од светските случувања, и за едукативни прошетки во исламските светилишта, џамиите, заради придонес во ослободувањето од стереотипите и погрешните информации и претстави за исламот.   

Џамија
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование