X
 04.09.2016 Образование

Зошто децата на 4 годишна возраст не се спремни да седнат во училишните клупи?

Нова студија на универзитетот “Loughborough“ во Велика Британија откри дека децата на 4 годишна возраст не се физички подготвени да тргнат на училиште. Специјалистите за рана возраст на Факултетот за спорт, вежби и здравствени науки, тестираше 45 деца во две резлични училишта и открија дека поголем број отколку што претходно се проценуваше се соочуваат со проблеми со рамнотежата и координација кои влијаат на нивната способност да учат во клас.

Истражувачите користеле палета на тестови за да го оценат физичкиот развој на децата во почетокот на училишната година и открија дека само 30 проценти се заинтересирани, додека 90 проценти демонстрирале некој степен на тешкотија во движењето. Затоа тестовите покажале дека до 30 проценти од децата го започнале училиштето со симптоми типично поврзани со дислекција, нарушување на координативниот развој (диспракција) и АДХД.  

 

на 4 годишна возраст децата не се физички спремни за училиште 

 


Дополнителна студија која сослушала над 25 учители од основни училишта, исто така открива дека верување дека децата го започнуваат училиштето помалку физички подготвени од порано, а 80 проценти од наставниците идентификувале дека падот се случувал во последните 3-6 години.


Студијата на “Loughborough“ ја водеше доктор Ребека Дункомбе која изјавила: “Физичкиот развој на детето влијае на неговата способност да ги заврши едноставните задачи, како што се седење, држење на молив, облекување на обувки, а особено читањето, вештини што се од суштинско значење за училиштето. Нашето истражување покажа дека не само што децата почнуваат со училиштето помалку физички способни од кога било, но дека учителите ја забележуваат оваа промена и нејзиното влијание во училницата“.

Во текот на минатата година доктор Дункомбе и водечкиот професор Пет Приди  на програмата “Движењето за  учење“ работеле со класови во државно училиште во Англија на пилот програмата дизајнирана да го поправи падот на физички развој кај учениците.

Движењето за учење е дневна програма што им дава можности на децата да се движат, да ја подобрат ведрината и моторните вештини. Активностите вклучувале фрлање, фаќање, балансирање, артикулирање звуци и скокање на јаже. Два класа ја следеле оваа програма во текот на учебната година и наставниците изјавиле импресивни првични резултати.

Професорот Преди рекол: “Денес децата помалку се движат и се развиваат побавно, учат помалку, па така мора да превземиме драстични мерки за да се осигураме дека децата денес и во иднина ќе бидат изложени на движење за да се развијат соодветно физички, интелектуално и емоционално. Истражувањето покажа дека има поврзаност помеѓу раното движење и равојот на децата и учењето. Оваа програма им помага на децата да го направат ова движење, за кое треба да имаат можност додека се на рана возраст за да започнат со учење и да постигнат напредок пред да тргнат на училиште. Тоа се лесни и евтини решенија за проблемите за растење и оваа студија покажува дека може да го примени животот на многу деца, особено на оние со дополнителни потреби како што се диспаракција и дислекција“.

Научниците сега работат на ппроширување на пилот проектот во 30 училишта. Материјалите од студијата се достапни на веб страната на Универзитетот “Loughborough“. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование