X
 05.09.2016 Култура

Мјузиклот "Тајно моја" посветен на Тоше Проески во март во Македонската опера и балет

Публиката ќе може да го види и балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски кој ќе биде изведен на мраз - копродукциска претстава на МОБ со балетски уметници од Русија. Кон крајот на годинава ќе боде изведен и прошталниот концерт „Леб и сол симфони“ со кој ќе бидат одбележани 40 години концертна активност



Мјузиклот „Тајно моја“ со која Македонската опера и балет на 9 март идната година ќе одбележи десет години од смртта на нашиот најпопуларен пејач е еден од неколкуте спектакуларни настани кои раководството на оваа институција ги најави во следната сезона.

Публиката ќе може да го види и балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски кој ќе биде изведен на мраз - копродукциска претстава на МОБ со балетски уметници од Русија. Кон крајот на годинава ќе боде изведен и прошталниот концерт „Леб и сол симфони“ со кој ќе бидат одбележани 40 години концертна активност.

Новата концертна сезона ќе биде отворена на 7 октомври, со гала концерт на кој свечено ќе биде промовирано и новото гледалиште во МОБ. Годинава првпат има целосна програма, од почетокот, до крајот на сезоната.
Според Игро Дурловски, директор на МОБ, годинава ќе има многу поширок спектар на претстави, концерти, спектакли.

- Предвидени се околу 180 настани, значи секој втор ден ќе се случува нешто на сцената на МОБ. Се обидуваме секој љубител на операта, балетот и на музиката воопшто да се најде во некој под нашите настани. Ќе има е детски претстави, сепкатакли, балетски и оперски претстави, ќе одбележиме неколку јубилеи - вели тој.

Десет години од смртта на Тоше

Љубителите на операта ќе може да ги проследи последните премиери: „Евгениј Онегин“, „Турандот“, а ќе бидат обновени поголем број на наслови кои подолго време не биле на репертоатор на МОБ - „Дон Џовани“, „Лучија ди Ламермур“. На 25 октомври премиерно ќе биде изведена „Севилскиот бербер“ во чест на 200 години од нејзината прва изведба. Оперите „Палјачи“ и „Кавалерија рустикана“ премиерно ќе бидат изведени на Мајските оперски вечери, во чест на 70 години од првата професионална опера, поставена на сцената на МОБ.

- Сезоната ќе завршиме со премиера на операта „Џани Скики“ од Пучини. Ова е новост, првпат во јуни публиката ќе може да проелсди премиерна претстава - вели Сони Петровски, уметничкиот директор на Операта.
Публиката ќе може да ги види Новогодишниот концерт на кој ќе настапат првенците Борис Трајанов, Благој Нацоски и гостинката од Украина, Тамара Калинкина. Традиционалниот концерт за Василица ќе биде посветен на композиторот Илија Пејовски, во чест на 70 години од раѓањето.

- Најголем спектакл во оваа сезона е мјузиклот „Тајно моја“ посветен на нашит најпопуларен пејач, Тоше Проески, кој идната година се навршуваат десет години од неговата смрт. Во негова чест ќе биде направен комплетен мјузикл кој е предвиден премиерно да биде изведен на 9 март - вели Петровски.

Балет на мраз

„Лебедово езеро“ на мраз со гости од Русија е спектаклот кој Балетот го најави.
- Ќе има три претстави. Ќе биде нешто сосема ново за нашата публика, ќе се игра на мраз, едно ново видиување на балетот - вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.



Претставата „14 часа“ во кореографија на Игор Киров, неделава гостува во Народно позориште во Белград, со што ќе бидат одбележани 25 години од воспоствувањето билатерални односи меѓу Македонија и Србија. Ќе бидат изведени и неколку хуманитарни претстави за поплавените во Скопје.

На 17 ноември светска премиера ќе има балетот „Клеопатра“ на познатиот руски кореограф Василиј Медведев, со кој ќе бидат одбележани 25 години кариера на примабалерината Александра Мијалкова.

Во рамките на редовната програма ќе се играат „Шехерезада“, „Лебедово езеро“, „Дон Кихот“. Догодина ќе има два балета во рамките на Вечер на Бурнанвил, ќе гостува израелскиот кореограф Ицак Галили, а ќе има и премиера на детската претстава „Пипи долгиот чорап“.
Подготвил: В.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура