X
 07.09.2016 Живот

Во пресрет на Брегзитот: Брутално искрената порака од Јапонците до Британците

Јапонија има да ѝ каже неколку зборови на Британија во врска со нејзината одлука да ја напушти Европската Унија.

 

bregzit


Писмото долго 15 страници истакнува дека јапонските компании во голема мера инвестирале во Велика Британија, такашто оваа земја се заканува дека ќе ги повлече јапонските компании од Велика Британија доколку преговорите за Брегзитот не успеат да го заштитат слободниот проток на работна сила, особено во банкарскиот сектор.

„Постојат голем број јапонски компании кои работат во Европа, а кои создадоа 440.000 работни места“, вели извештајот.

„Голем број од овие фирми се концентрирани во Велика Британија. Додека имаат корист од единствениот пазар на ЕУ, јапонските компании придонесуваат за развојот на европската економија“, продолжува извештајот.

Извештајот предупредува дека јапонските компании со седиште во Велика Британија може да ги префрлат нивните канцеларии во континентална Европа, доколку законите на ЕУ престанат да се применуваат.

„Од големо значење е Велика Британија и ЕУ да го задржат интегритетот на пазарот и останат атрактивни дестинации за претпријатијата каде се обезбедени слободната трговија, непречените инвестиции и добрите финансиски трансакции“, порачуваат од Јапонија.

„Од Велика Британија бараме сериозно да го земе во предвид овој факт и на одговорен начин да ги намали штетните ефекти врз овие бизниси“.

Извештајот, издаден од Министерството за надворешни работи на Јапонија, во петокот во пресрет на самитот на Г20 во Кина, вклучува листа на неколку специфични барања од јапонските компании со цел тие слободно да продолжат со нивните економски активности без оглед на исходот од преговорите. Јапонските официјални лица повикуваат да се зачува владеењето на слободната трговија.

Некои од најпознатите јапонски компании, вклучувајќи ги „Toyota“, „Hitachi“ и инвестициската банка „Nomura“ ги преиспитуваат своите инвестиции во Велика Британија после референдумот на кој се изгласа Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе го покрена прашањето со британската премиерка Тереза Меј на маргините на разговорите на Г20, барајќи од неа соработка за подобрување на предвидливоста и обезбедување на јапонските бизнис компании.

Повеќе од 1.000 јапонски компании имаат развиено бизнис во Велика Британија, вработувајќи 140.000 луѓе, а директните инвестиции на Јапонија во Британија се искачија на 96 милијарди долари.

Во писмото се повикуваат Велика Британија и ЕУ да ги направат преговорите за Брегзит колку што можат потранспарентни со цел да се избегнат непријатни изненадувања.

„Неизвесноста е еден од голем проблем за економијата. Она што јапонските компании во Европа сакаат да го избегнат е ситуација во која нема да биде јасен начинот на преговори за Брегзитот“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот