X
 09.09.2016 Наука

Официјално: Следната мисија на НАСА на Марс ќе започне во 2018 година

Во декември 2015 година, ние ги слушнавме лошите вести дека мисјатата на НАСА “InSight lander“ за испитување на внатрешноста на Марс, беше оддложена во Март 2016 година поради пропуст.

Но, сега имаме за вас добри вести: НАСА даде зелено светло за мисијата да започне во Мај 2018 година,што ја отфрла  загриженоста кај некои дека мисијата би можела да бидат откажана поради доцнењето. Ревидираната временска рамка подразбира дека лансирањето на мисијата ќе почне не порано од 5 мај 2018 година, по пристигнувањето на Марс речиси седум месеци подоцна на 26 ноември.


мисија на Марс


“InSight“ (внатрешни истражувања со користење на сеизмички истраги, геодезија и топлина транспорт) е стационарен лендер што ќе продупчува 5 метри (16 стапки) под површината  за да се измери температурата на Марс и за да се проучува подземниот регион. Ова ќе го зголеми нашето разбирање не само за Марс, но исто така и како другите карпести планети ја добиваат својата форма и се развиваат.

Мисијата беше на почетокот оддложена кога вакумска напукнатина беше откриена со сеизмичкиот инструмент за внатрешни структурни работи (SEIS) која детектираше сигнали од Марс, влијание на метеоритите, и дури и повеќе локални настани како песочните бури и лизгање на земјиштето. Напукнувањето би значело дека инструментите би биле бескорисни на Марс, што не и остави на НАСА ниедна друга опција од одложување на лансирањето.

“Пријатно е што ние се движиме напред со оваа важна мисија која ќе ни помогне подобро да го разбереме потеклото на Марс и на сите карпести планети, вклучувајќи ја и Земјата“- изјавил Џеф Јодер, соработник администратор во Дирекцијата за научна мисија на НАСА во Вашингтон.

Стартувањето на мисијата за Марс може да се случи само во посебни случаеви кога планетите се израмнуваат за подолго патување, што се случува на секои 26 месеци, што е причина зошто НАСА ја одложи мисијата за толку долго. Но за среќа новата дата на стартување е одобрена. Ова може да значи зафатена година на Марс со оглед на тоа што “SpaceX“ исто така планира мисија.

НАСА напоменува дека одложувањето на мисијата “InSight“ може да влијае на другите мисии. Првичниот буџет за мисијата изнесуваше 675 милиони долари, но поради одложувањето треба да се додадат  153,8 милиони долари, што може да доведе до помалку можности за нови мисии до 2020 година.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука