Скопје Сити Мол ја информира јавноста дека по серијата земјотреси кои го погодија Скопје во попладневните часови, Менаџментот на Скопје Сити Мол постапи во согласност со сите протоколи и процедури пропишани за справување со природни непогоди.
Имено оперативните служби на Скопје Сити Мол реагираа во пропишаниот рок, посетителите беа мирно и сигурно евакуирани надвор од објектот а службите на Скопје Сити Мол ги превземаа сите дополнителни мерки за безбедност.
Истовремено Ве информираме дека по направениот увид низ објектот на Скопје Сити Мол , констатирано е дека нема настанато никакви штети во објектот. Менаџментот на Скопје Сити Мол донесе одлука објектот да биде затворен од превентивни причини, како и со цел вработените во локалите да бидат со своите најблиски во овие моменти.
Од утре (12.09.2016г.) Скопје Сити Мол ќе продложи да работи во регуларно работно време.