X
 11.09.2016 Технологија

Уште една од низата измами: Не го отворајте овој линк на Фејсбук!

На социјалните мрежи, а и на интернет, измамите станаа честа појава - така и неодамна излезе апликација која „открива кој ви го гледа профилот на Фејсбук“.

 

фб


Од компанијата наведуваат дека не постои ваква опција, како и тоа дека никогаш не би дозволиле ваков вид на кршење на приватноста.

„Фејсбук не му нуди на корисникот можност да види кој му го гледа профилот, ниту на било кој начин да им дозволиме на поединци и апликации да имаат пристап до вакви информации“, вели портпаролот на Фејсбук.

Последната измама која кружи на оваа социјална мрежа, а за која можевте да видите дека често се споделува меѓу корисниците, е линкот кој овозможува „гледање во туѓ профил“.

Сите кои ќе кликнат, може да се најдат во опасност. Затоа, Фејсбук ги советува своите корисници никогаш да не ја пишуваат нивната лозинка, ниту пак да посетуваат надворешни линкови кои од Фејсбук ги носат на други сомнителни страни.

Доколку сте кликнале на наведениот линк, морате веднаш да ја промените лозинката затоа што може да се соочите со сомнителни активности на вашиот профил.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија