X
 12.09.2016 Живот

Графикони што ќе ви го променат мислењето за вооружените конфликти во светот

Ако се анализираат глобалните трендови, бројот на вооружени конфликти меѓу државите се намалува, а напоредно и бројот на жртви на воени конфликти.

згради и бомба


Џошуа Голдстеин, пензиониран професор за меѓународни односи на Американскиот Универзитет изјавил:

„Забележително е отсуството на војни меѓу униформираните армии на нациите во светот. Овие сили надминуваат 20 милиони војници и се вооружани до заби. Сепак, последната постојана војна меѓу овие армии беше во 2003 година во Ирак. Во денешните престрелки меѓу земјите, како неодамнешната меѓу Ерменија и Азербејџан, турското соборување на руски авион и инцидентите меѓу Северна и Јужна Кореја, убиени се десетици луѓе, но не и стотици, илјадници, или пак милиони како што загинувале  во војните кои нациите-држави ги воделе низ историјата, како војните меѓу Иран и Ирак, и Индија и Пакистан. Тоа е најпозитивното нешто денес, овие големи војни што се случувале меѓу нациите регуларни низ историјата повеќе ги нема.“

графикГрафикот ја покажува глобалната стапка на смртност во 1945 и 2011 година.


Овој тренд е благодарение на организации како Обединетите Нации, при што државите не гледаат пат до моќта преку воени судири.


график војна
Графиконот ја покажува бројката на жртви во војни меѓу држави во 20 и почеток на 21 век.


Професорот вели дека светот и натаму страда од други форми на насилство како терористички напади, наркобанди или убијци, а тука се и поголемите воени конфликти во Сирија, Нигерија, Ирак или Авганистан, но тој го потенцира фактот дека со војната како најголема форма на насилство постои успех што заслужува внимание.


график континенти
Графиконот ја покажува бројката на жртви на конфликтите од 1946-2007 по континенти.

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот