X
 13.09.2016 Живот

Мајка на близначиња: "Да се има близнаци е прекрасно, тешко, хаотично и фантастично!"

Родителството самото по себе е огромен предизвик, особено кога треба да се грижите за близнаци. Сигурна сум дека ниту една мајка и ниту еден татко не се подготвени за предизвиците кои доаѓаат со близнаците. Збунетоста поради ситуацијата во која се наоѓаат започнува уште во текот на бременоста, а со текот на времето расте. Сите оние кои ве опкружуваат ќе се обидат да ја разберат ситуацијата во која се наоѓате, меѓутоа само вие знаете што се случува.

 

1


Во првата година од животот на Давид и Ленка, често пати ја слушав реченицата: „Не знам како успеваш во сè“ и во текот на овој период и самата се запрашував како останувам будна и на нозе. Поради сплет на околности, Давид и Ленка го пиеја моето млеко и адаптираното млеко од шише. Целата процедура на хранење секој пат беше детално испланирана. Навечер кога се будеа да јадат, се будиме јас и мојот сопруг, млекото се загрева, ги храниме обидувајќи се да не заспиеме, ги ставаме назад во креветчето, јас ја земам пумпата за млеко, го делам млекото во шишињата, го ставам во фрижидер, ја мијам пумпата за да биде подготвена за следниот пат, легнувам во кревет и додека сето тоа го завршувам имам околу 45 минути за спиење до следното повторување на постапката. Секако, често пати се случуваше да не можам да заспијам бидејќи мозокот никогаш не ми се исклучуваше целосно. Во текот на денот постапката горе долу беше иста - среќа што уште од самиот почеток ги научив со потпрено шише да пијат млеко.

Кога имате близнаци, како да не постои моментот кога ви е жал дека бебето плаче. Ако сте сами со нив, додека се приготви млекото или додека пресоблечете едно од нив, ќе се случи другото бебе да плаче, па не можете да преземете ништо во врска со тоа. Со близнаците ќе научите дека некои работи мораат да бидат такви и дека не постои контрола над ситуацијата. Единствената контрола која успеав да ја одржува и да им наметнам ист ритам на спиење и хранење. Ако бебињата не јадат и не спијат во исто време, тоа е апсолутна пропаст за вас. Тоа што нема да имаат ист ритам за вас ќе значи немање живот, буквално - затоа е важно рутината на бебињата да биде иста за двете деца. Тоа понекогаш значи совладување на повеќе вештини кои се исплаќаат долгорочно. Првото хранење со лажичка делуваше како сцена на еден луд научник во лабораторија, меѓутоа после некое време станавме добро координиран тим каде сите играчи знаеја што треба да прават. Учењето да јадат сами се исто така приказна сама по себе - замислете го хаосот.

 

2


Родителите на близнаците мораат да се научат на дополнително трпение бидејќи ќе се најдете во ситуации кои не се случуваат кога имате едно бебе. Од моментот кога бебињата ќе пристигнат во домот вие станувате атракција во вашето семејство, особено кај мене, бидејќи ние бевме први во семејството на кои им се родија две бебиња истовремено. Прошетката со близнаците надвор е како да сте излегле на модна писта. Сите ве гледаат, ви поставуваат прашања кои навлегуваат во вашата интима. Во една прилика после подолга прошетка седнав да се одморам додека Давид и Ленка спиеја, а една госпоѓа ми пријде и започна да ме прашува дали се близнаци, кое е момче, а кое девојче и на крајот го зеде нејзиниот мобилен телефон и ги фотографира.

 

3

 

На луѓето им се интересни близнаците - тие не сфаќаат дека и тие се деца како и сите останати и дека правилата за допирање и фотографирање важат и за нив. Кога сме веќе кај тоа, ни вие како мајка не сте поштедени од погледи и коментари. Отсекогаш сум била слаба, па и после пораѓањето со близнаците, добивав коментари дека е невозможно така да изгледам и дека постојано носам корсет. Други пак, имаат потреба да шетаат покрај вас, да ви ја раскажат нивната животна приказна, да ви покажат фотографии од нивните деца или внучиња. Така, сакале или не, станувате психолог и терапевт за случајните минувачи, а единствено што сакавте е мирно да прошетате.


Додека со мојот најстар син Андреј можев да играм разни игри и да го научам на многу работи, со Давид и Ленка не беше толку лесно. Додека едвај успевав да му го задржам вниманието на едното дете, другото дете во тој момент ми се качило на грбот. Првото го гледа второто, па ги остава коцките бидејќи и тоа сака да се качи на грбот, па на крајот започнуваат да се караат и тепаат.

 

5


Секоја поголема фаза на растење, како што е одвикнување од пелени, спиење во поголем кревет и слично, кај близнаците бара подолг период на прилагодување и неверојатно голем напор и трпение од страна на родителите. Сега сме во фаза на одвикнување од пелените; ако едното сака да седни на нокширот, тоа не значи дека сака и другото. Додека се занимавате со едното дете, другото се шета голо и веќе извршило нужда на паркетот.

Давид и Ленка се'уште се мали за да сфатат зошто не може да се одделат од мама и тато, меѓутоа тоа за нив не претставува проблем. Така на една роденденска забава едниот отиде на еден крај, а другиот на друг. Опцијата која ја имаат другите родители со едно дете, ја немаат родителите со близнаци. Истовремено се грижите за две малечки личности и одмор не постои.

Доколку оставите се' настрана, односот и поврзаноста која ја имаат овие две деца ве тера постојано да им се восхитувате. Начинот на кои учат да делат и како се бранат еден со друг од другите е неверојатен. Ако едното плаче затоа што паднало, другото доаѓа да го утеши. Ако се расправаат поради играчките тие на крајот се смируваат и си ги враќаат играчките. Бакнежи и прегратки добивам дупло, плус и од мојот најстар син Андреј. Игрите се многу позабавни кога ќе се собереме сите, кога ќе започне музиката лесно ни е да направиме мини журка.

 

6


Да се има близнаци е прекрасно, тешко, хаотично и фантастично. Но ќе ви биде мило што баш вие сте нивната мајка.

 

Автор: Љубица Билди

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот