X
 14.09.2016 Образование

Уписи, несоодветно однесување на наставници, екстерно тестирање - ова се дел од поплаките до Народниот правобранител


 
Поплаки за екстерното тестирање, за наставните програми, за лоши материјални услови во училиштата, несодветно однесување на наставниот кадар... Ова се дел од преставките со кои се занимавал Народниот правобранител во 2016 година, а кои се однесуваат на образованието. Инаку, омбдусманот посредува во решавање на споровите на граѓаните со образовните институции, дава препраки и многу често помага во расчистивање на истите. Од канцеларијата на Народниот правобранител не известија дека во периодот од 1.1.2016 до 15.08.2016 граѓаните продолжиле да доставуваат претставки за заштита на правата од сферата на основното, средното и високото образование.

- Ученици, студенти, родители, па и наставници/професори доставија претставки во врска со состојбите во некои основни училишта од аспект на материјалните услови за следење настава, воведување на нова наставна програма за учениците, односно учење по меѓународна програма и во тој контекст поплаките од родителите беа дека не се консултирани или известени за планот на основното училиште да воведе меѓународна програма за реализирање на наставата. Понатаму, се жалат на физичко и писихичко малтретирање во училиште меѓу самите ученици или од страна на вработен кадар, нередовност на дете наводно, поради незаинтересираност на родителот со кого детето живее за образованието на детето, како и претставки за екстерното тестирање односно оценувањето на тестовите и добиената оценка. И оваа година продолжува праксата од посета на граѓани на нашата институција заради добивање правен совет од областа на образованието - велат од канцеларијата на омбдусманот.

Во однос на правата од високото образование, пак поплаките се однесувале на неиздавање на уверение за завршен цикслус на студии, поради одредени финансиски обврски на студентот кон факултетот, одбивање да им се врати документацијата доставена при усписот, повторно поради неизмирени финансиски обврски, оддолжување на постапка по поднесени барања или приговори доставени до Министерството за образование и наука, управата на универзитеите/факултети или до Државната комисија за одлучување во втор степен која постапува по жалби и приговори од студенти/граѓани.

- Иако во помал број сепак се доставуваат претставки и во врска со уписите во високо образовни установи, слободување од партиципација при уписи, сместување во студентски домови, се бара правен совет од областа на високото образование и сл. Оваа година исто така Народниот правобранител постапува по претставки на студенти кои побараа заштита на правата затоа што се уште не им се исплатени надоместоците за изработка на магистерски/докторски труд, кое право им е признато со решение од страна на МОН - велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Колку преставки се пристигнати во 2016 година

Во делот на детските права, каде е вклучено основното и средното образование за период од 1.1.2016 до 15.08.2016 има вкупно 13 претставки.

Најмногу се жалат на
- екстерното тестирање ( 4 претставки),
- наставната програма/меѓународна програма (4 ),
- неследење на настава од страна на ученик (2),
- немање на материјални услови во училиштето (1),
- физичко и психичко малтретирање на дете (1),
- правен совет -1 претставка

Што се однесува до Високото образование за 2016 има 15 претставки и тоа:
- правен совет (3 претставки)
- издавање на уверение за завршен циклус на образование (2)
- оддолжување на постапка (2)
- запишување во високообразовни установи (1)
- избор на наставно-научно звање (1)
- несоодветен однос на наставен кадар (1)
- партиципација (1)
- сместување во студентски домови (1)
- друго (3)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование