X
 15.09.2016 Живот

Скулпторката што им ги поправаше деформитетите на војниците во Првата светска војна

Првата светска војна беше еден од дефинирачките настани на 20 век. Од 1914 до 1918 година, светот стана жариште на меѓунационални конфликти, вклучувајќи го поголемиот дел од Европа, САД и Блискиот Исток. Од технолошки аспект, Првата светска војна е значајна по тоа што за првпат се користеле нови видови оружје и најважните придобивки од индустријализацијата – радиото како средство за масовно информирање и електричната енергија. Дотогашното романтизирање на војната било уништено од индустријализираната бруталност на Првата светска војна, од која чети војски се враќале со телесни деформитети. Подемот на модерната од овој масакр во Европа е добро познат, но во САД имала различно влијание, поттикнувајќи истовремено засилено чувство на патриотизам и појава на симболи каков што бил маската. Една уметничка, Ана Колман Лад, ја пренаменила својата неокласична изверзираност во алатка за вајање нови лица за обезличените во војната.

Ана Лад

Во книгата Grand Illusions: American art and the First World War, штотуку издадена од страна на Oxford University Press, универзитетскиот професор, Давид Лубин, ја истражува работата на Лад во поширокиот контекст на американските уметници што работеле во текот и по завршувањето на Првата светска војна. Започнувајќи од потонувањето на Лузитанија во 1915 година, настан што беше искористен во пропагандата со цел да се поттикне интересот на Америка за војната, истражувањата на Лубин се протегаат до 1933 година и појавата на Третиот Рајх и новата воена ера. Првата светска војна беше првата целосно индустријализирана војна, а најважниот аспект од индустријализацијата беше масовната продукција и ширењето на слики поврзани со војната. За тоа Лубин пишува: “На овој начин се информираа и дезинформираа противничките народи во врска со потребата да се вклучат во војната, за природата на војната и последиците од неа”.

Една од последиците беa т.н. les gueules casèеs, односно скршените лица, како што беа нарекувани во Франција илјадниците обезличени војници. Развојот на медицината им помагаше во спасувањето на нивните животи од фаталните повреди здобиени од новите типови огнено оружје кои ги оставале со ужасни телесни деформации, особено во пределот на лицето.

Лад беше меѓу неколкуте вајари кои ги користеа своите вештини за моделирање маски за војниците да можат да се појават во јавноста без да шокираат и да привлекуваат погледи. Уметничката им се придружи на другите, како Францис Дервент Вуд, кои правеа протези од бакар или калај, така што да можат да се носат како очила, зафатени зад ушите. Преку американскиот Црвен крст, Лад отвори студио за портретирање маски во Латинскиот кварт во Париз, во 1917 година, домашно уреден со цел пациентите да се чувствуваат удобно. Трансформацијата на деформираните војници започнуваше со нанесување на гипс врз лицето, за да се земе отисок и од оштетените делови. Лад до детаљ им посветувала внимание на сите маски, обложувајќи го со емајл металот и рачно доцртувајќи го да долови реалистично месо во тоновите на бојата на кожата на носителот, земајќи го предвид и факторот време, односно, како би изгледало на сончеви и облачни денови. Аплицирала вистински влакна од коса на местото од мустаќите и веѓите. Заедно со Дајана Блер и колегите скулптори, Џејн Пупел, Луиз Брент и Роберт Влерик, Париското студио работеше на создавање факсимили од лица како што изгледале пред да бидат оштетени. Лубин во книгата пишува дека благодарение на нивната искрена посветеност на задачата, успеале да создадат деведесет и седум маски, за време на нивната единаесетмесечна операција.

Маските на Лад

За своите заложби, Лед беше одликувана со Légion d’Honneur Croix de Chevalier (Легија на честа) и Кралскиот орден на Св. Сава. Додека нејзината уметност останува фуснота на неокласицизмот, нејзината оставнина со враќањето на честа на овие војници е многу повредна.    


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот