X
 17.09.2016 Живот

ФЗОМ ја одобри во целост сумата потребна за лекување на 18-месечниот Мартин Мицев



18-месечниот Мартин Мицев на кој му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот неодамна беше опериран во Македонија а оваа недела ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.

ФЗОМ го одобри лекувањето во Германија во целост во висина од 280.000 евра. Решението е предадено на родителите. Од ФЗОМ посакуваат побрзо излекување и закрепнување.

- Сакам јавно да им се заблагодарам на Фондот за здравство, Детска клиника и сите оние кои безрезервно и целосно се посветија да помогнат за лекување на Мартин во Германија, пред нас стои уште една голема битка која се надевам дека ќе ја победиме, изјави таткото на Мартин.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот