X
 17.09.2016 Култура

Забранет перформансот на режисерот Мартин Кочовски на затворањето на фестивалот Браќа Манаки

manaki

 

„Циклус на животот“ беше сценската изведба со која беше отворен филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ која предизвика контроверзии и различни ставови. Изведбата раскажува за сериозни животни теми и актуелниот политичко-социјален статус.


„Оваа сценската изведба го претставува раѓањето, светогледот, откривањето на моториката, осознавањето на сексуалноста, стареењето и смртта. Ние го пуштивме на сцена нашиот презир на фестивалска „буржоазија од епрувета“. За инстант лажната класа што живее за кчиот и моментот да бидат видени од секого“, се вели во соопштението испратено од медиумите од тимот на Мартин Кичовски.

„Театарската сцена не  трпи лицемерие и лаги на исилените фрази, општествена формалност, неискреност кон себе или политичката коректност. Таа коректност денес е како мрачен среден век затруен и полн со методи, догми и сфаќања на инквизицијата. Конференсието се појави боса. По улиците, по целава земја и светот луѓето се боси. Луѓе се оставени на ГОЛА, самоубиствена егзистенција. Под овој режим дефилираат реклами и прилози за нашите убави краеви, за тоа колкава среќа е да се роди дете во оваа земја, за економија што блеска, а кога ќе отвориме врата... Кое дете? Каква економија? Абе луѓето не знаат каде глава да свртат, на кој број да свртат за да најдат некоја привремена работа (чистачка, келнер, таксист, билетар во кладилница)  за да земат пари за леб. Гледаме општа беда и бегство на млади и постари луѓе, бегство од овој моментален пекол од земја“, пишува во соопштението.

Идејата на целата изведба е да се претстави печат за нов циклус, а „будењето на пролетта“ беше оставено за затворањето на фестивалот, меѓутоа организацијата на фестивалот „Браќа Манаки“ одлучи да ја повлечи изведбата и да го цензурира трудот на оваа актерска екпиа.

„Ова е политичка блокада на еден моќен, убав ангажман на група „луди“ театарџии кои со ретка страст сакаат да донесат свежина на сцената и да навестат време кое треба да дојде, не’ чека и секако доаѓа. Ова е удар на посветата да се покаже дека ни треба слобода за да се откриеме себе си. Само преку тоа откривање можеме да достигнеме зрелост во нашиот човечки вид, во нашето „Movie On!“, напред. Сакаме да кажаме „Movie On!” ама фашистичките мозоци не’ тегнат назад. Овде треба да направиме место за „Feel the Light!“ ама тоа не се случува како и нашата готова изведба „Будење на пролетта“, завршува соопштението од режисерот Мартин Кочовски и ко-авторот Горјан Милошевски.

 

Од фестивалот се'уште немаат излезено со официјална изјава во врска со забраната за перформансот на режисерот Кочовски.


Надополнување
11:53 ч.
Во меѓувреме и од фестивалот со официјално известување


„Концептот кој беше планиран за перформансот во траење од 5 минути во рамките на програмата за затворање на фестивалот, авторите планираа на сцената да остават отпад од неколку килограми праски, сливи и дињи, како и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво.  За  да се расчисти сцената  ќе беше потребно време, со што би била пролонгирана церемонијата за доделување на наградите на добитниците“, изјави директорот на Фестивалот Благоја Куновски во соопштението до јавноста.

„Ова на ниту еден начин не беше со цел да се ограничи слободата на креативниот израз на авторот и неговата екипа што може да се види и од изведбата на перформансот на церемонијата на отворањето на фестивалот, зад која застана целиот фестивалски тим“, завршува соопштението.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура