X
 19.09.2016

Белгија со новиот закон на еутанзија ја помогна смртта на 17 годишно дете

Белгија е единствената држава во светот која дозволува еутанзија на малолетници од сите возрасти. Еутанзијата на малолетници што била законски спроведена во Белгија, државата го усвои во 2014 година, за да дозволи медицински да се потпомогне смртта на децата од сите возрасти- изјавил Вим Дистелманс, шефот на Државната комисија за еутанзија.

Смртно болно 17 годишно момче стана првиот малолетник на кој му се помогна да умре во Белгија, бидејќи возрасните ограничувања беа поместени пред 2 години во белгискиот закон, соопштиле официјалните претставници.


еутанзија


Дистелманс изјавил дека тинејџерот “страдал од неподнослива физичка болка.", па докторите искористиле “палијативни седативи“ што предизвикува пациентот да падне во кома, како дел од процесот. Родителите на малолетните деца под 18 години мора да дадат согласност за еутанзија.

"За среќа, постојат многу малку деца кои се сметаат “соодветни“ за еутанзија, но тоа не значи дека ние треба да им го одбиеме правото на достоинствена смрт"- изјави тој за весникот “Het Nieuwsblad“.

Дистелманс за новинската агенција “Reuters“ изјавил дека случајот бил испратен до неговиот комитет од локален доктор минатата недела. За случајот бил вклучен и холандски пациент, соопштиле од радиодифузниот сервис  RTBF.

Холандија исто така дозволува еутанзија за малолетници, но тие мора да бидат на возраст над 12 години. Белгија ја промени возрасната граница во законот усвоен во 2014 година, кој парламентот го усвоил, а во него се објаснувало дека детето мора да биде смртно болно и да се соочува со неподносливо физичко страдање и треба да направи пријава со барање пред еутанзијата да се одобри.

Многу луѓе вклучувајќи ги црковните лидери и некои педијатри, прашувале дали децата ќе бидат во можност да направат толку тежок избор. Сенаторот Жан-Жак Де Гухт изјавил дека е горд што законодавството поминало и изјавил дека имањето можност да се биде прашан за еутанзија прави голема разлика за многу луѓе.


белгија


Каде е дозволена еутанзијата (или помагање во умирање)?

Холандија, Белгија и Луксембург дозволуваат еутанзија и потпомагаат самоубиство.

Швајцарија овозможува асистирано самоубиство под услов лицето кое помага да дејствува несебично.

Колумбија дозволува еутанзија

Калифорнија минатата година се приклучи на американските држави: Орегон, Вашингтон, Вермонт и Монтана во дозвола за помагање за смрт.

Канада донесе закони кои им дозволуваат на лекарите да помогнат пациентот да умре (во јуни оваа година).


Колку години треба пациентот да има?


Само Холандија и Белгија дозволуваат еутанзија за пациенти на возраст под 18 години

Во Холандија, компетентен пациент на возраст од 16 и 18 години, може да бара еутанзија и потпомогнато самоубиство. Родителот или старателот нема право на вето, но сепак мора да биде консултиран. Соодветните пациенти на возраст помеѓу 12 и 16 исто така може да се квалификуваат, но само ако нивниот родител или старател даде согласност.

Во Белгија, пациентите под 18-годишна возраст може да побараат еутанзија со согласност од родителите. Потребна е дополнителна проверка на компетентноста на детето, и за неговото страдање, но основата на психијатриско нарушување е исклучена.


Колку луѓе ја искористат оваа опција?


Стапката на еутанзија во Холандија остана стабилна и изнесува 2,8% од сите смртни случаи (во 2010 година), според Пени Луис, професор по право на Кралскиот колеџ во Лондон.

Во најновата анкета на лекарите во Велика Британија, стапката на еутанзија е забележана дека се движи со 0,21 проценти од сите смртни случаи, а со слична стапка е и Франција (во 2009 година), иако еутанзијата останува нелегална во двете земји.

Спротивно на тоа, истражувањето спроведено во Фландрија, Белгија откри дека стапката пред легализација не е позната, но одделни истражувања известуваат за стапки од 0,3 проценти од сите смртни случаи во регионот (во 2001-2002) и 1,1% (во 1998 година). Стапка се зголемувала постојано, бидејќи легализација во 2002 година била 4,6 проценти од сите смртни случаи според најновата анкета во 2013 година.

Што значат различните термини?

Еутанзијата претставува интервенција направена со намера да се стави крај на животот на пациентот, за да се намали неговото страдање. На пример може да биде со смртоносна инекција дадена од страна на лекарот.

Потпомогнато самоубиство
е некој акт со кој намерно се помага на некое лице да се убие, на пример, преку обезбедување средства за да го стори тоа, најчесто преку пропишување на смртоносни лекови.

Давање помош за умирање
обично се користи во САД и Велика Британија, а подразбира потпомогнато самоубиство само за тешко болните. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk