X
 20.09.2016 Економија

Ќе се гради најголемиот туристички центар на Балканот - вреден 2.3 милијарди евра

На падините на планината Бјелашница, дваесетина километри од Сараево, во Понеделникот беше поставен камен темелникот, кој го означи почетокот на изградбата на туристичката населба, наменета за арапските клиенти наречена "Buroj ozone", проект финансиран од страна на инвеститори од Дубаи.

На површина од околу 140 хектари, што е составен дел од околната Општина Трново треба да бидат изградени неколку стотици куќи, десетици хотели, објекти за рекреација и трговски центри.


Сараево


Исмаил Ахмед кој се претставил како извршен директор на фирмата именувана како “Buroj International Group“ е единствениот човек кој за проектот досега преговарал со претставничката власт во Босна и Херцеговина, а претходно најавил дека планира да инвестира 4,5 милијарди конвертибилни марки (или 2.3 милијарди евра) во целокупниот проект, кој на крајот треба да ја земе титулата за најголемиот туристички центар на Балканот.

Градоначалникот на Општина Трново, Ибро Берило, објаснил на церемонијата во Понеделникот како за почеток се планира инвестиција од 930 милиони евра, а додал дека станува збор за потфат кој е од историско значење.

"Овој проект ќе ги собере луѓето од целиот свет. Ова ќе биде најголемиот интегриран туристички град во БиХ, кој е наменет за сите граѓани и туристи од целиот свет", изјавил Берило.

И поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ не се сомнева дека ова е важен и влијателен настан.

"Ова треба да биде порака дека на оваа, но и во други области вреди да се инвестира. Денешниот потег многу значи за економијата на Босна и Херцеговина, но исто така и за соседните земји"- рекол Месиќ.

Намерата на инвеститорите е да понудат на продажба станови, за која почетна цена за квадратен метар ќе биди од 2300 конвертибилни марки или 1176 евра. Но оваа цена важи само за купувачите кои имаат намера да ја купат целата област со вилите на површина од 1500 до 2200 квадратни метри.

За фирмата која се појавува како инвеститор нема целосна податоци. На нивната веб-страна може да се најдат само општи податоци кои покажуваат дека започнала со работа во 2007 година и е една од водечките компании во Дубаи, која се занимава со недвижен имот.

Просторот во БиХ, каде “Buroj International Group“ има намера да изгради туристичка населба е ретко населен, до сега недопрен. Еколошките невладини организации изразија загриженост во врска со изведбата на овој проект, бидејќи тој ја опфаќа површината со скапоцени извори на вода за пиење, кои се потребни за набавка на Сараево и тврдат дека пред почетокот на работата, не се направила потребната проценка на можното влијание на градбата врз животната средина.

Тие се сеќаваат како во претходните години прекумерната изградба во областа на ски-центарот од Бабин до Бјелашница доведе до контаминација на почвата од отпадните води. На крајот тоа доведе до загадување на реката Босна, која веќе на самиот извор со години е контаминирана со фекални бактерии.


SaveSaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија