X
 21.09.2016 Култура

Другата страна на Фејсбук - поранешен вработен открива детали за компанијата

Вработените во Фејсбук не смеат отворено да зборуваат за компанијата. Антонио Мартинес во интерју за германскиот весник Zeit открива детали за компанијата што ги осознал во текот на своето работење таму на менаџерска позиција.

антонио мартинес


За она што се случува во компаниите како Google, Apple или Facebook ретко се зборува во медиумите. Што навистина се случува таму и како е да се работи во ваква компанија? Што мислат вработените за своите работодавци? Антонио работел во Facebook компанијата од 2011 до 2013 и тоа близу до Марк Цукерберг. По неговото разрешување, тој пишува за неговите впечатоци прв пат отворено за јавноста во неговата книга издадена на англиски јазик, насловена Chaos Monkeys.

ZEIT: Кога се навраќате на првиот разговор во Фејсбук, што прво Ви доаѓа на памет?

Антонио Мартинез: На автоматските шибер врати на влезот стоеше зборот Hack. Тоа е највисоката понуда во Фејсбук. Новата канцеларија на генералниот директор се наоѓа на адреса 1 Hacker Way. На Google Earth може да се види дека зборот Hack со огромни букви се наоѓа во централниот двор на кампусот.

ZEIT: Што се мисли со Hack?

Антонио Мартинез: Тоа нормално доаѓа од „хакира“. Но, во Силиконската Долина тој има позитивно значење. Стои за тоа да отклучиш одреден систем и да го промениш со своите идеи.

ZEIT: Како течеше првиот ден понатаму?

Антонио Мартинез: На почетокот морав да потпишам договор, дека нема да раскажам некогаш некому, што таму внатре сум видел.

ZEIT: И веќе бевте дел од Фејсбук?

Антонио Мартинез: Не, такво нешто мора секој посетител што добива покана да потпише. Овие договори кои подложат на тужба, а се со цел сé што се видело таму да се заборави, се вообичаени во индустријата. Дури е смешно: технолошките компании живеат за тоа да си ја заштитат приватноста со сите оружја.

ZEIT: Подоцна моравте да потпишете и други клаузули во врска со вашето молчење. Сега спакувавте сé во книгата, имиња, суми, детали од внатрешноста... Нели се плашите од тужби?

Антонио Мартинез: Тоа би можело да се случи во секое време.

ZEIT: Да се вратиме на вашиот воведен состанок.
Антонио Мартинез: Најпрво имаше еден ден долго тестирање, еден по друг состанок. Запознавање на личноста, тестови за логика, проверуваат колку се совпаѓам со Фејсбук-културата.

ZEIT: Тоа е веројатно како и во други компании. Немаше ли нешто специјално?

Антонио Мартинез: Меѓу состаноците отидов во тоалет. Слушнав чуден звук и ја препознав вревата. Додека си ги миев рацете во корпата за отпадоци имаше четка за заби за еднократна употреба. Биле поставени од страна на комапнијата, а очигледно и користени.

ZEIT: Како дојдовте до тој заклучок?

Антонио Мартинез: Видов дека таму сериозно се работи. Не беше како во хипстерскиот Твитер во Сан Франциско каде од чешмата течеше чај од комбуха.

ZEIT: И тогаш бевте вработени?

Антонио Мартинез: Да. Најпрво има воведен ден. Во публиката се најновите, децата, на бината има ентузијастички говори за новата култура и филозофија од која сме сега дел. Потоа следува обука од шест недели. Кампот е како за армија. Така вработените се запознаваат со филозофијата и мора да научат да работат на кодот на мрежата.

ZEIT: Каков е изгледот на компанијата?

Антонио Мартинез: Колку поблизу седи вработен до Цукерберг, толку е поважен. Има една централна соба за состаноци, се шпекулира дека целата од стакло и сите ја нарекуваат Аквариум. Старите канцеларии во кој јас бев, не наликуваа уште на вселенски брод. Имаше најобична зграда со канцеларии, валкани теписи, скејтборди и пушки-играчки. Насекаде имаше постери со некоја револуционерна естетика.

ZEIT: Зошто?

Антонио Мартинез: Постоеше една интерна пропаганда со постери. Најважните мотиви беа: Остави впечаток! Оди брзо и скрши ги нештата! Направеното е подобро од совршеното!

За начинот на облекување тој вели дека на почеток секој добива маички и половина од мажите вработени таму ги носат. Многумина имаат слики од семејствата на работните маси. На жените им е кажано уште на почеток да не носат прекратки здолништа и претесна облека. Основната годишна плата му била 175.000 долари за која вели дека е од средните цифри. Имал и други бонуси и бенефиции. Работел на монетаризација, фејсбук морало да почне да заработува кога се почнало и со рекламите.

Антонио понатаму раскажува дека Марк не се интересирал за парите и дека тие се под раководство на неговиот заменик Шерил Сандберг. Тој вели дека раководството на компанијата било непријатно изненадено со појавата на мрежата Гугл+ и дека многу напорно се работело за да се подобри нивниот производ. Цукерберг како ученик од Харвард гледал на Гугл како на стар свет, нешто слично на тоа како реалниот свет гледа на античките Грци. Фејсбук е новиот свет, исто како што се и Римјаните.

Како човек што бил дел од компанијата, тој во интервјуто вели дека корисниците го користат до таа мера што тој е постанат легална дрога. Вработените не се изоставени овде. Тие можат постојано да бидат вклучени на своите профили.

За Цукерберг вели дека е обичен маж, основач на нова црква и воопшто не е таков како што е претставен во филмот Социјална мрежа. Зборувал јасно, кратко и директно како што се пишуваат кодовите. Речиси никогаш не гледал во очи, што се забележува и на фотографии по медиумите. Секоја година си поставувал по една голема задача: на пример да оди 10000 чекори дневно, или да чита една книга неделно. Предвидувањата се дека Фејсбук ќе постои долго затоа што основачот има голема визија.

Антонио Мартинес во 2013 година добил отказ поради тоа што компанијата се одлучила да ја одбие неговата стратегија за нов производ, а да прифати друга. Тој вели дека тоа е сосема нормално во Силиконската Долина. Изминатиот период работел на книгата и престојувал на село, а сé уште нема нови бизнис идеи.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура