-Играта „Sea Hero Quest“ ја разви Дојче Телеком како поддршка на истражувањето на деменцијата
-Бесплатната игра за мобилен веќе е преземена повеќе од 2,3 милиони пати
-Првите резултати ќе бидат презентирани до крајот на годината
Македонски Телеком по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, кој што се одбележува денеска на 21 септември, ги поканува сите граѓани да играат „Sea Hero Quest“. Оваа игра за мобилен телефон која што ја разви Дојче Телеком со помош на меѓународни партнери е преземена повеќе од 2,3 милиони пати, а луѓето можат да ја користат за поддршка на истражувањето на деменцијата. Секоја минута помината во играње Sea Hero Quest помага во истражувањето на деменцијата. Бесплатната игра може да се преземе од App Store и Google Play.
Иницијатива на Дојче Телеком им обезбедува на истражувачите анонимни податоци од играта поврзани со навигацијата и просторната ориентација на секој играч. Иако истражувачите имаат податоци од луѓе коишто боледуваат од деменција, речиси и да нема достапни податоци за споредба од здрави поединци. За првпат, анализата ќе генерира сеопфатни стандардни податоци за просторната ориентација, податоци коишто се итно потребни за рано дијагностицирање на деменцијата. Првите резултати од иницијативата на Телеком ќе бидат презентирани до крајот на годината.
Според Извештајот за глобалното влијание на деменцијата за 2015 година, повеќе од 47 милиони луѓе во светот патат од деменција. До 2050 година, се очекува овој број да порасне на околу 135 милиони. Алцхајмер е најпознатата форма на деменција.