X
 22.09.2016 Живот

Младите луѓе ќе почнат да плаќаат за дружење - тренд што го предвидуваат научниците од Харвард

Научниците од Универзитетот Харвард велат дека кај младите луѓе на возраст од 18 до 34 години е поголема веројатноста да страдаат од осаменост, во споредба со повозрасните луѓе од 55 години. Тие сметаат дека сѐ поголемото чувство на осаменост ќе доведе до појава на професија од која ќе може да се заработува.


осаменост


Истражувачите од Харвард велат дека изолацијата кај младите луѓе сѐ повеќе е во пораст. Според една спроведено истражување,  младите наскоро би можеле да почнат да плаќаат за дружење, шетање и вечери. Ова би можело да стане "нормален тренд", предвидуваат научниците.

Светските медиуми минатата недела објавија приказна за Чак MекКарти од Лос Анџелес кој заработувал за живот, така што на луѓето им прави друштво за трчање или за шопинг. 

Тој поради се поголемиот број  на осамени "клиенти" морал да вработи пет помошници, кои ги “изнајмува“ за одење на прошетка со луѓето.

Истражувањата на Харвард укажуваат на тоа дека осаменоста кај младите е смртоносна појава, како и пушењето цигари и додаваат дека осаменоста го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот