X
 22.09.2016 Образование

Times Higher Education ја објави листата на најдобри универзитети во светот

Оксфорд се најде на првото место на високообразовни институции на ранг листата што ја прави Times Higher Education во светски рамки. Ова е прв случај за британските универзитети.

Оксфорд

Оксфорд го симна од првото место Институтот за технолгија од Калифорнија, кој ја предводеше листата во последните пет години.

Но, Брегзитот може неповолно да влијае врз британското високо образование и да ја попречи соработката со професори од странство.

Ранг листата покажува мешана слика на европските универзитети, додека азиските институции продолжуваат да се издигнуваат.  Табелите на Times Higher ги рангираат универзитетите од целиот свет според мерките за настава, истражување и меѓународна перспектива, на пример, бројот на студенти и наставен кадар што циркулираат во странство.

Уредникот на листата, Фил Бети, смета дека преземањето на врвот од страна на Оксфорд е „одлична вест“, но одлуката на Велика Британија за напуштање на Европската Унија може да го загрози секторот: „Резултатите од референдумот, веќе предизвикуваат нестабилност во секторот“, вели тој.

„Според некои врвни академски известувања, се замрзнува соработката на истражувачки проекти меѓу британските професори и нивните колеги од ЕУ, поради што многу од нив најавиле промена на работната средина, надвор од државата.“

„Сето тоа ќе влијае врз привлекувањето интернационални таленти во Британија во иднина.“   


Европа и Азија

Годинешнава ранг листа прикажува мешана слика на Европа, што е под директна закана од непрекинатиот развој на азиските институции.

Втора година по ред, швајцарскиот технички универзитет од Цирих, ETH Zurich, е рангиран на деветтото место.

Германија има 41 институција на листата, од кои девет се распоредени во првите 100.
За првпат, 13-те водечки истражувачки универзитети од Холандија се наоѓаат во првите 200 од листата.
Но, универзитетите од другите европски земји го губат тлото.

Третина од 27-те француски универзитети се симнаа подолу на табелата, додека половината од 39-те италијански институции паднаа надолу.

Франција, Шпанија и Италија изгубија свои претставници во топ 200.

Централна и Источна Европа, исто така настрадаа на оваа ранг листа, со тоа што само еден чешки универзитет се најде во првите 600, додека три од четирите романски универзитети се симнаа на понизок ранг.

Данска и Финска бележат падови, а универзитетите во Копенхаген и Хелсинки се спуштиле 38, односно 15 места.

Наспроти нив, Азија продолжува да се издигнува на ранг листата и бележи четири нови институции во првите 200 во табелата, и сега има 19 рангирани.

Универзитетот во Пекинг е во првите 30, на 29-то место, до кое се искачил од минатогодишното 42 место. Цингуа е во топ 40-те со 35-то место, откако се искачи од ланското 47-мо.

Пет од шесте претставници на Хонг Конг се дел од првите 200, што е повеќе од кој било друг азиски регион, а Националниот универзитет од Сингапур, врвниот азиски универзитет, се наоѓа на 24-то место и го има својот највисок рејтинг досега.  


20 TOP INSTITUTIONS

1. University of Oxford, UK
2. California Institute of Technology, US
3. Stanford University, US
4. University of Cambridge, UK
5. Massachusetts Institute of Technology, US
6. Harvard University, US
7. Princeton University, US
8. Imperial College London, UK
9. Swiss Federal Institute of Technology, Zurich, Switzerland
=10. University of Chicago, US
=10. University of California, Berkeley, US
12. Yale University, US
13. University of Pennsylvania, US
14. University of California, Los Angeles, US
15. University College London, UK
16. Columbia University, US
17. Johns Hopkins University, Baltimore, US
18. Duke University, Durham, US
19. Cornell University, US
20. Northwestern University, US
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование