X
 23.09.2016 Култура

Случајно или не... Веб страни од Северна Кореја достапни за светската јавност

Пропагандните веб сајтови на Северна Кореја, случајно биле достапни за светот, давајќи му достапност до активностите на земјата. Откако листата на активности била објавена на Reddit и на неколку други веб сервиси, интернетот во Северна Кореја бил блокиран.

 

 

 

Земјата вообичаено го ограничува пристапот на нивните веб сајтови и за граѓаните, а исто така ги користи сопствените Интернет мрежи. Достапноста до сето ова се случила сосема случајно, овозможувајќи им на странците достапност до сите интерни информации од Северна Кореја.

Светот воглавно обрнува внимание на лидерот Ким Јонг Ун. Две веб страни објавиле топ стории за неговата посета на фарма за овошје, а една вест дури вклучува посебен дел каде се опишуваат детали за „Врховните активности на лидерот“.

Вестите кои се прошириле низ светот информираат и за зголемувањето на криминалот со дрога во Јужна Кореја.

Првичното откритие вусшност се однесува на начинот на кој функционираат веб сајтовите во Северна Кореја. Иако интернетот кој се користи таму беше дефиниран како „примитивен“, тоа што таму псотојат 28 веб сајтови дури е и изненадување за многумина.

Но, многу од сајтовите не се корисни. Презентирани се националната авио линија, органите на власта, како и весниците и медиумските организации, но многу од сајтовите се само поврзани со самата мрежа или со Интернет провајдерите.

Новоотворените веб сајтови биле откриени со дел од код кој проверува апдејти на одредени веб страници. Веројатно некој во Северна Кореја, случајно кликнал на некој пркеинувач по што веб сајтовите станале достапни за сите.

Потоа биле објавени на Github, сајт за споделување на кодови, за сите да можат да видат.

Но, откритието не ја покажува најголемата и најважната тајна за технологијата на Северна Кореја, а тоа е нивниот интерен Интранет, кој воопшто не е достапен за самиот Интернет. 
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура