X
 27.09.2016 Наука

Девојката која го држи клучот за борбата против болестите без антибиотици

Не многу 25 годишни лица може да тврдат дека стануваат во 4 часот наутро и работат за викенди за да го спасат светот од претстојниот Армагедон кој би можел да однесе десетици милиони животи. Но, во последните три години, Шу Лам, студент од Малезија, доктор по науки на Универзитетот во Мелбурн, се затвори себеси во научна лабораторија за да дознае како да ја убие бактеријата “superbugs“ MRSA (methicillin-resistant staphylococcus aureus) која не може повеќе да биде третирана со антибиотици.

Таа смета дека го пронашла клучот за спречување на здравствената криза толку сериозна, што минатата недела повика седница на Собранието на ОН да се состане, за да зборуваат за отпорната бактерија на лекови.


Шу Лам


Прекумерната и неправилна употреба на антибиотици дава некои видови на бактерии што не се лекуваат, дозволувајќи им на таканаречените "superbugs" да мутираат. Минатата Среда, проблемот беше опишан од страна на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, како "основна закана" за глобалното здравје и безбедност.

“Superbugs“ убива околу 700.000 луѓе годишно, меѓу кои и 230.000 новороденчиња. Но, според една неодамнешна британска студија, овој број ќе се зголеми за неверојатни 10 милиони до 2050 година, колку што е за ракот, ако не се преземат некои мерки. Тоа може да ја чини светската економија 100 билиони долари.

Следејќи го обидот на Велика Британија, која водеше кампања за подигнување на свеста на потенцијалното влијание на антимикробната отпорност, членките на ОН се заложија дека ќе испорачаат ажурирање за бактериската војна до 2018 година, но во нејзината мала лабораторија на другата страна на светот, Лам е веќе неколку чекори понапред.

Таа верува дека нејзиниот метод на убивање на бактеријата со помош на молекули во облик на мали ѕвезди, изградени со синџири на протеински единици наречени “пептиди полимери“ е преседан алтернатива за неуспехот на антибиотиците.

“Ние откривме дека мета на “полимерите“, всушност е бактеријата и може да ја убие на повеќе начини. Еден метод е со физичко попречување или распаѓање на клеточниот ѕид на бактерии. Ова создава многу стрес на бактеријата и тоа предизвикува да почне да ја убива "- вели Лам, која ја предводи цела војска на истражувачки тим.


бактерија


Нејзиното истражување беше објавено овој месец во престижното списание “Nature Microbiology“, а веќе беше поздравено од страна на научниците како важен чекор што може да го промени лицето на модерната медицина.

Лам конструирала молекули во облик на ѕвезда на престижната школа за инженерство во Мелбурн. Секоја ѕвезда има 16 или 32 "краци" направени од пептид полимери, процес што таа го споредува со ставање заедно мали Лего коцки.

Кога се ослободиле, полимерите почнале директен напад на “superbugs“за разлика од антибиотиците, кои создаваат токсични потопи, кои исто така ги уништува и околните здрави клетки.

Лам успешно тестирала полимер третман на шест различни “superbugs“ во лабораторијата, како и еден вид на бактерија врз глувци. Дури и по неколку размножувања на мутации, “superbugs“ се докажале неспособни да дадат отпор.

"Ние откривме дека полимерите се навистина добри во “бришење на бактериските инфекции". Тие се всушност ефикасни во лекувањето на инфицираните глувци од антибиотик-отпорни бактерии. Во исто време, тие се доста нетоксични за здравите клетки во телото- објаснила Лам.

Намалувањето на токсичност е затоа што на поголема количина на пептид полимери, околу 10 нанометри во дијаметар, значи дека тие не можат да влезат во здравите клетки.

Нејзиниот научен пробив и остава на Лам малку време за дружење. Поради чувствителноста на нејзините биолошки експерименти, па дури и нејзините викенди не може ги искористи за одмор. "Веќе некое време, морав да доаѓам во 4 часот наутро за да се погрижам за моите глувци и моите клетки," вели таа.

Но, за ќерка на амбициозен лекар, жртвата е достојна за тоа. "Сакав да бидам вклучена во некој вид на истражување што ќе помогне во решавањето на проблеми. Ова истражување е значајно, затоа што сите се загрижени за “superbugs“. Одеднаш, многу луѓе ми кажуваа дека или тие самите или нивните роднини биле инфицирани, дека тие биле на интензивна нега поради бактеријата, и дека луѓето што ги познавале умреле. Навистина се надевам дека полимерите кои ние се обидуваме да ги развиеме тука, на крајот може да бидат решение."- објаснила Лам.

Зголемената бактериска криза е опишана од страна на научниците како "цунами во бавно движење".

Светот полека се буди од заканата од кошмарот на пост-антибиотска ера, што би можела да стави крај на модерната медицина и да се создаде ситуација во која секојдневните проблеми како што се болки во грлото или гребнатинка на коленото може да се покажат како фатални.

Но, тоа беше Александар Флеминг, Шкотланѓанецот, кој во 1928 година го открил пеницилинот, прв антибиотик во светот. кој прв предупредил за последиците од неговата злоупотреба.

"Постои опасност дека несвесниот човек лесно може да се предозира и со изложување на микробите со не-смртоносна количина на лекот, да ги направи отпорни", предупредил тој во моментот на прифаќање на неговата Нобелова награда во 1945 година.

А само 71 години по откривањето на Флеминг револуција во глобалната здравствена заштита, Маргарет Чен, директорот на Светската здравствена организација, предупреди дека придобивките на антибиотиците што беа донесени во модерната медицина, наскоро може да се променат.

"Со сегашните трендови, честата болест како гонореја може да стане неизлечива. Лекарите се соочуваат со ситуација на пациентите да треба да им соопштат: "Жал ми е: не постои ништо што може да направиме за вас"- изјавила минатата недела Чен.

Појава на сериозен вирус од тифус во Африка и форма на туберкулоза беа откриени во 105 земји, што веќе докажаа отпорност на антибиотици. Грам-негативната бактерија, кои предизвикуваат болести како пневмонија и менингитис и раните или хируршки лоцираните инфекции, исто така, се покажале отпорни.

Во меѓувреме, само две нови класи на антибиотици влегоа на пазарот во последниот половина век.

За фармацевтските компании, антибиотиците се покажаа како лоша инвестиција, бидејќи трошоците за развој се високи, како резултат лековите го ослободуваат пациентот од болеста по краток период на време. Спротивно на тоа, хроничните болести, како што се висок крвен притисок бараат третмани да се земаат секојдневно за остатокот од животот на пациентот.

"Стимулации мора да се најдат за да ја рекреираат плодната ера на откритието на антибиотиците што се одржа во периодот од 1940-1960", вели Чен.

Лам се надева дека нејзините "иновативни" истражувања ќе ги охрабрат фармацевтските компании да инвестираат. "Се надевам дека тоа ќе привлече нечиј интерес, бидејќи она што го откривме е сосема различно од антибиотиците. Некои луѓе ми велат: Те молам работи понапорно, така што ќе може да имаме решение и  да го ставиме тоа  на пазарот. Но, со истражување, треба да имате многу трпение, бидејќи ние сѐ уште имаме долг пат пред нас“- вели Лам.

Професорот Грег Куао, доктор и ментор на Лам, вели дека проектот на Лам е еден од најголемите научни откритија што тој ги видел во неговите 20 години на Универзитетот во Мелбурн. Но, тој предупредува дека сѐ уште е во раните фази, и дека ќе се потребни најмалку уште пет години за да се развие, освен ако не најдат инвестиции од милиони фунти, за да го забрзат процесот.


За каква батерија станува збор?


“MRSA“ е еден вид на бактерија отпорна на голем број на широко користeни антибиотици. Ова значи дека “MRSA“ инфекциите може да бидат уште потешки за лекување од другите бактериски инфекции. Целосното име на “MRSA“ е methicillin-resistant Staphylococcus aureus. Може да сте ја слушнале под називот: "superbug".

Staphylococcus aureus (исто така познато како стафилокок) е заеднички тип на бактерии. Таа често се пренесува врз кожата и во внатрешноста на носот и грлото, и може да предизвика благи инфекции на кожата, како што се: чир и импетиго. Доколку бактеријата ја наруши кожата, може да предизвика инфекции, опасни по живот, како што труење на крвта или ендокардитис.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука