X
 27.09.2016 Образование

Наместо да ги казнува непослушните деца, ова училиште презема нешто сосема друго, а резултатите се за восхит


Во основното училиште Роберт Колман се практикува јога и други облици на вежби, но исто така се работи и во градината, се чисти паркот и се посетуваат околните фарми.



Наместо да ги казнуваат непослушните ученици со тоа што ќе ги преместат на „магарешка клупа“ или во друга просторија со цел да размислат на своите постапки, едно училиште во Балтимор ги праќа овие деца на медитација. Како што пишува порталот UpWorthy, децата одат во соба за свесна медитација, која е многу пријатна, опремена со светилки, разни декорации и меки перничиња.

За разлика од повеќето училишта кои непослушните деца ги казнуваат на начини кои кај нив предизвикуваат револт наместо да поттикнат рамислување за постапката, во ова училиште децата седат и работат вежби за дишењето или медитираат, што им помага да се смират и концентрираат, но исто така и разговараат за тоа што се случило.

Овој метод го поддржале и научниците кои велат дека по пат на свесна медитација, во мозокот и телото се создава нешто многу интересно. Една студија ваквата  медитација им ја препорачува на војниците со цел полесно да можат да ги прифатат ужасите што ги преживеале, особено поради фактот што медитацијата им го поправа расположението, но и концентрацијата и вниманието.

„Кој би рекол дека малите дечиња ќе седат мирни и ќе медитираат, но тие навистина го прават тоа. Медитираа дури и пред да одат на прослава за Божиќ, иако претходно знаеја дека дома ги очекуваат подароци. Сепак, останаа смирени и фокусирани“, изјави Кирк Филипс, предводник на проектот.

Се покажало дека медитацијата има големо влијание врз грижливоста на децата за природата и нивното однесување дома. Тие често ги советуваат и нивните родители да медитираат, кога ќе забележат дека се вратиле нервозни од работа.

Откако почнала да се спроведува програмата во училиштето, бројот на деца што се однесуваат неприфатливо значително се намалил, а исто така и бројот на отсуства од часовите. Заради успешноста на програмата, нејзините творци размислуваат да ја применат и во други американски училишта.     


Непослушни деца
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование