X
 27.09.2016 Здравје

Нова ера во медицината: донесено е на свет момче од тројца родители

Тим научници од Мексико објавија дека се родило првото дете со гени од тројца родители и тоа со помош на контроверзна метода за вештачко оплодување со тројца родители. Малиот Абрахим Хасан има гени од мајка, татко и донатор.

бебе во инкубатор


Целта на експериментот била да се искоренат болестите што се пренесуваат од мајка на дете поради дефекти на митохондриските гени, мали структури во внатрешноста на цитоплазмата. И во овој конкретен случај, целта е да се спречи момчето да го добие генетското нарушување што го има неговата мајка. Експертите велат ова е почеток на нова ера во медицината.

Во што се состои методот?

За време на медицинската постапка од јајце клетките на мајката што носи дефектни митохондрии се вади јадрото (кое го содржи најголемиот дел од генетскиот материјал). Јадрото се става во јајце клетката на донаторот која е со здрави митохондрии и тука се оплодува со семениот материјал од таткото. Конечно, ембрионот се става во матката на мајката. Детето што би се родило на ваков начин има голем дел од гените на мајката и таткото, но и минимален процент гени на донаторот на митохондрии.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје