Алкохолните пијалоци во трговските објекти, односно во маркети, продавници, трафики, од денеска повторно може да се купи само до 19 часот, наместо до 21 часот како досега. Од денеска почнува да важи зимската продажба на алкохол во продавниците, која што забранува продажба на алкохолни пијалоци од 19 часот до 6 часот наутро.
Оваа забрана ќе важи до почетокот на мај, кога алкохолот повторно ќе се продава до 21 часот. Според законското решение, продажните објекти по 19 часот мора да ги заклучат фрижидерите или да ги покријат рафтовите каде што е изложен алкохол.
Трговските објекти кои што ќе ја прекршат забраната за продажба се соочуваат со забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и со парични казни од 5.000 евра.