X
 01.10.2016 Живот

МВР потврди дека мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете во скопски Аеродром, паника се шири меѓу родителите

Повторно паника и страв се шири по социјалните мрежи за наводен обид за киднапирање на дете од страна на маж и жена, овојпат во Аеродром во близина на новиот маркет Рамстор. Од МВР велат дека овој случај е пријавен во полиција, но дека првичните информации не укажуваат на кривично правен настан, односно полицијата не потврдила дека обидот за киднапирање навистина се случил. Она што полицијата засега го потврдва е дека случајот е пријавен и се работи на негово расветлување.



-На ден 29.09.2016 година околу 18:50 часот во Единица за информации и команда од страна на А.П.(34), било пријавено дека кога излегувала од супермаркет лоциран во Аеродром, непознато женско лице на возраст од околу 60 години, се обидела да и го земе нејзиниот две годишен син. Од страна на полициски службеници, веднаш е излезено на местото на настанот, извршен е разговор со пријавителката и преземени се сите потребни мерки и активности за расчистување на настанот. Првичните индиции не укажуваат на кривично правен настан.Потенцираме дека детето е со својата мајка, а полицијата во најкраток можен рок ќе го расчисти случајот и ќе ја информира јавноста – се вели во соопштението на МВР.





Веќе неколку месеци на социјалните мрежи, корисници пишуваат за обиди за киднапирања на деца во Скопје, во сред бел ден и тоа најчесто наводно ги грабаат од рацете на родителот, а тој некако успева да им се оттргне и да не дозволи да му го земат детето. Но, МВР потврди дека засега се пријавени два случаи за обид за киднапирање на дете во Драчево и во Кисела Вода, а за останатите случи се пишувало само на социјалните мрежи. Оттаму апелираат граѓаните да не креваат паника и ако имаат некаков сомнеж или пак биле сведоци за обид на киднапирање тоа да го пријават во полиција, а не на социјалнте мрежи.

За тоа колкава паника се шири меѓу родителите говорат коментарите на дел од нив на социјалните мрежи.

„Тука во близина живеам, не знам како ќе излезам надвор сама со детето“, коментира скопјанка на Фејсбук. Друга мајка пак, напишала дека децата веќе за ова разговараат на училиште и дека се плашат сами да излезат надвор. „Ќерката која има 10 години, вчера ме праша дали е безбедно да одат на училиште. Ова веќе излегува од контрола. МВР треба да превземе нешто, се издавивме од памет веќе“. Родителите коментираат и зошто некој од родителите чии деца наводно сакале да им ги киднапираат не излезат пред камери да раскажат за случаите.
Подготвил: М.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот