X
 02.10.2016 Живот

Каков концепт има Америка, ако ги убијат сите функционери од извршната власт?


Замислете го незамисливото: сите членови на федералната влада на Америка да се најдат на исто место и да се случи нуклеарен напад. Или силен земјотрес. Или налет на метеори. Би настрадале сите од извршната власт. За среќа, американската влада секогаш има однапред смислено решение за секој проблем, а во конкретниов случај тоа се вика „назначен наследник“.

На многумина сето ова ќе му заличи како сценарио од телевизиска серија и ќе бидат во право, бидејќи се работи за драмата „Назначениот наследник“ (Designated survivor), која се заснова на вистински концепт. Кога се случуваат групни собири на државниот врв, како на пример, Говорот за состојбата на нацијата (State of the Union) или претседателската инаугурација, претседателот и неговиот тим од помошници избираат личност што превентивно ќе го пропушти настанот, во случај на катастрофа. „Назначениот наследник“ најчесто е лице од Кабинетот, иако постои уште еден со истата функција избран од раководството на Конгресот. Кога секој висок функционер се приклучува на голем настан, назначените наследници се засолнуваат во безбеден објект на владата и чекаат додека не се врати претседателот во Белата куќа.

И покрај големата одговорност на овие лица, не постои гаранција дека ќе стигнат до претседателското место, ако се случи најлошото. Сè зависи од одредбата утврдена со Законот за наследник на претседателот, во која е уреден точниот редослед за наследување на извршната власт. Доколку, на пример, министерот за земјоделство бил назначен за наследник, но потпретседателот успеал да преживее, потпретседателот ќе ја преземе највисоката функција по катастрофата.

Научете повеќе за наследувањето на претседателската функција од видеата во прилог.


Што ќе се случи ако умре претседателот на државата?






Како изгледа да си „назначен наследник“?





Како постапува спикерот на претставничкиот дом?

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот