X
 03.10.2016 Економија

Германија има потреба од работна сила - прочитајте какви професии се бараат

Без разлика на шпекулациите колку е тешко да се добие работа во Германија, ако ги имате потребните квалификации шансите се големи.

работник


Кај граѓаните на земјите од Западен Балкан постои голема мотвираност кога станува збор за тоа да ја изберат Германија за работа во странство. Неодамна албанските медиуми објавиле дека во моментот има 46.000 работни места резервирани само за лица од Косово и Албанија. Но, за ова шефицата на Агенцијата за вработување што работи со мигранти заинтересирани за работа во Германија, Кеа Декер, вели дека е само мит произлезен од интернет порталот Make it in Germany. Таа изјавила дека работните места се реални, но се за сите заинтересирани со потребните квалификации. Во поглед на националноста понудите се отворени за сите, без исклучоци.

Интернет страницата нуди можност заинтересираните лесно да дојдат до препораки за потенцијално работно место во зависност од тоа дали дали сакате да работите или студирате, од која земја доаѓате, каде сте ја стекнале дипломата итн. Овие работни места се отворени и за Германци, но тие се обично во области во кои долго време нема соодветни кадри, а тоа е и правна основа да се бараат работници од други држави.

Кои професии се најбарани?

Потребни се стручњаци со високо образование од областа на математиката, информатиката, природните и техничките науки. Потребни се квалификувани работници, но за да се работи во Германија директорката на Агенцијата за вработување вели дека не е неопходно да се има високо образование. На кандидатите со средно образование им е олеснат пристапот за работа ако нивните квалификации соодветствуваат на бараните професии.

Оваа година се бараат негуватели на стари лица, водоводџии, специјалисти за железници, ѕидари, заварувачи, електричари, програмери... Од октомври минатата година можност за вработување во бараните области имаат и неквалификуваните кандидати.

Пристапот до германскиот пазар на трудот во изминатиот перидот е особено промовиран во земјите од Западен Балкан од каде потекнуваат најмногу барања за азил со избивање на бегалската криза. Србија, Босна, Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора се на листата на т.н. „безбедни земји на потекло“, а Берлин настојува на овие граѓани да им ги покаже легалните начини за доаѓање и останување во државата. Барателите на азил имаат слаби шанси: помалку од 1% од барателите од земјите од Западен Балкан успеале да добијат азил.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија