X
 04.10.2016 Технологија

Листа на славни личности кои се опасни за пребарување по интернет

За безбедноста на интернет корисниците често се невнимателни или несвесни за последиците од нивните активности онлајн. Intel Security, американска компанија за безбедност на софтвер, креирала листа на славни личности за чие пребарување на интернет треба особено да се внимава.

еми шумер


Комичарката Еми Шумер била наведена како една од најопасните личности за пребарување што може да ги изложи корисниците на малициозен или штетен софтвер и вируси. Во првата петорка се и Џастин Бибер, Карсон Дејли, Вил Смит и Ријана.

Гери Дејвис од раководството на Intel Security вели дека денешните потрошувачи се фасцинирани со таа популарна култура и  редовно ги следат актуелните информации. Кога бараат информации не размислуваат за фактот дека ризици постојат и кликаат без внимателност. Сајбер- криминалците го знаат ова и полесно прават штети. Имено, едно пребарување на торент за Еми Шумер има 33 % шанси да ве поврзи со малициозна интернет страна. Погледнете ја целата листа:

1. Еми Шумер
2. Џастин Бибер
3. Карсон Дејли
4. Вил Смит
5. Ријана
6. Мајли Сајрус
7. Крис Хардвик
8. Даниел Тош
9. Селена Гомез
10. Кеша
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија