X
 05.10.2016 Живот

Драги Ѓорѓиовски е победник на вториот квалификациски турнир во боулинг


 
Заврши вториот по ред квалификациски турнир во боулинг, за пласман на Светски куп кој од 14 - 23 Октомври ќе се одржи во Шангај (Кина), Победник на овогодинешното издание на турнирот е Драги Ѓорѓиовски, кој во неверојатно израмнет финален натпревар успеа да сруши повеќе пинови од минатогодишниот победник Звонко Волчевски и „да го фати патот“ за далечниот Шангај.

- „Со овој настан и можноста за учество на Светски куп во Шангај ме запозна минатогодишниот победник и мој ривал во финалето, Звонко Волчевски, дека е многу интересен и за неговотоучество во Лас Вегас минатата година. Се пријавив со амбиции да бидам меѓу првите тројца. Искрено не очекував да бидам прв, меѓутоа дадов се од себе и резултатите се тука. Се надевам дека во добро светло ќеја преставам Македонија на Светскиот куп во Кина. Секоја чест за целата организација и ќе се видиме догодина во одбрана на златотот“ - изјави победникот Ѓорѓиовски.

Едногласни беа впечатоците на сите инволвирани во настанот дека организациски оваа година е направен еден чекор напред, се со цел популаризација на овој спорт во Македонија, кој во светски рамки има огромна популарност и го практикуваат над 120 земји.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот