X
 06.10.2016 Здравје

Креирана е мапа на пријателски вегетаријански земји во Европа... Како котира Македонија?

Бројот на вегетаријанците во Велика Британија продолжува да расте, како што се повеќе и повеќе луѓе ја избираат оваа исхрана поради здравствените и еколошки бенефиции што таа ги носи. Не само што диетата која го исклучува месото може да го намали присуството на јаглерод, туку и истражувањата покажуваат дека со тоа би можело да се избегнат 5-8 милиони смртни случаи годишно до 2050 година.


мапа за вегетеријански земји


Јакуб Мариан креирал мапа, со цел да покаже некои од вегетаријанските-пријателски (и не толку пријателски) земји во Европа. Тој ги користел податоците од “HappyCow“, најголемиот директориум за вегетаријански ресторани во светот, и го нацртал нивниот број по бодови по милион жители.

Ова значи дека податоците се неточни за земјите со помала големина на населението, но целокупната статистика обезбеди подобро разбирање на Европа и вегетаријанството.

Русија, е една од земјите со најголемо население, но има еден од најниските бодови со само 0,8 вегетаријански ресторани по еден милион, додека во Велика Британија има 11.3. Исланд има најмногу бодови односно 24,8 ресторани на милион жители, Македонија котира најдолу на листата со 2.9 бодови.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје