X
 06.10.2016 Образование

Мнозинството студенти кои гласаа на референдум рекоа "не" за СПУКМ да биде невладина организација


   
Претставници од Студентскиот пленум на прес конференција информираа дека дури 94 проценти од студентите што излегоа на првиот референдум во нивна организација се изјасниле дека не сакаат Студентскиот парламент да остане невладина организација.

- Вкупниот број студенти што излегоа и гласаа на референдумот изнесува 2767. На прашањето дали СПУКМ да остане невладина организација, 2615 студенти одговорија со „не“, 137 студенти одговорија со „да“, а 15 ливчиња се неважечки - рече Деа Здравковска, од „Студентски пленум“. Пленумци велат дека задачата на овој референдум била да се испита пулсот на студентите, за Сенатот во идните одлуки да биде запознаен со нивниот став.

- Сега чекаме одлука на Сенатот. Беше формирана комисија во која учествуваа „Студентски пленум“ и Студентскиот парламент, но одлука не беше донесена. Беа изгласани два предлози за студентско организирање, за кои Сенатот допрва треба да одлучи. Нема друг излез, освен да се донесе вистинското решение кое се однесува на целосна реформа на студентското организирање - велат од Студентскиот пленум.

Моделот за кој се залага Студентскиот пленум е Студентскиот парламент при УКИМ да стане тело во рамки на Универзитетот, а со тоа да се зголеми контролата врз парите кои оваа невладина организација ги троши, како и да има увид во начинот на кои се вршат студентските избори

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование